Германските компании нема да инвестираат во Косово?
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2023
Можно е германските компании да се откажат од инвестиции во Косово.
Германско-косовската стопанска комора информира дека германските компании би можеле да се откажат од инвестициите во Косово поради актуелните настани во северниот дел на земјата.
„Членовите на германско-косовската стопанска комора се загрижени дека германските компании би можеле да се откажат од своите инвестиции во Косово или да ги прекинат постоечките активности. Вестите за политичка нестабилност значително ја поткопуваат довербата на германските клиенти и инвеститори. Ова има негативно влијание врз германско-косовските економски односи и му штети на Косово како локација за инвестиции и бизнис“, се вели во соопштението на Германско-косовската стопанска комора.
Од властите бараат стабилен политички амбиент.
Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано изјави дека одлуката на Брисел да воведе одредени мерки за Косово не е лесна, но дека е неопходна.
„Овие мерки не се нешто што ЕУ го презема лесно, туку мерките беа воведени затоа што досега не сме виделе никакви чекори кон деескалација. Тоа е инструмент што го користиме за да покажеме дека ЕУ е сериозна кога вели дека очекува деескалација и како реакција кога тоа нема да се случи“, рече Стано.
Инаку, вчера Србија уапси три косовски специјалци во централна Србија. Косово бара Србија да ги ослободи. Односите меѓу Србија и Косово се напнати, посебно откако во Звечан имаше немири, затоа што Србите не ги прифаќаат за легитимни градоначалниците Албанци, бидејќи српското население ги бојкотираше изборите. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), обврска која Косово не сака да ја исполни повеќе од 10 години.foto freepik.com/Allexxandar
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.