28 Септември, 2024
0.0344

ГЕРМАНСКО ЧУДО: Од имигранти до гастербајтери

Објавено во: Анализа 28 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Во 2013 година 42,7% од новите компании во Германија биле регистрирани од имигранти, покажуваат податоците на институтот IfM кој го анализира развојот на малите и средни претпријатија во земјата. Главниот бизнис на странците-претприемачи во Германија е поврзан со изградбата - 45% од регистрираните компании се токму од овој сектор. 18,2% се во сферата на трговијата, а 10,2% се поврзани со услуги. Некои од странците вложуваат на сопствената национална идентичност и тргуваат со стоки од својата татковина, станува јасно од анализите на Институтот. Податоците во последните години покажуваат раст на странците кои почнале свој бизнис во Германија, додека претприемачите Германци се намалуваат, забележува The Local. Од Институтот посочуваат дека во 2008 година 18,8% од новорегистрираните компании во Германија биле сопственост на странски државјани. Во 2014 година 145 илјади имигранти во Германија регистрирале фирма, додека истото важи за 195 илјади Германци. За споредба во 2010 година 421 илјади лица си регистрирале фирма во Германија, од кои 138 илјади биле странци. Зголемувањето на странските државјани кои сакаат да започнат свој бизнис во Германија, се објаснува со проширувањето на ЕУ од 2004 година наваму и воведените ограничувања за граѓани од други земји од заедницата, иако патуваат без ограничувања да работат во земјата. Затоа и мнозинството од компаниите на странци во Германија се регистрирани од граѓаните на Естонија , Полска , Чешка и другите источноевропски држави, кои станаа дел од ЕУ во 2004 година. Бугарите и Романците, кои се приклучија во 2007 година, исто така, почнуваат свој бизнис, за да ги надминат забраните на пазарот на трудот. Ограничувањата за сите овие држави веќе се отстранети. Од IfM сепак предвидуваат дека трендот на раст на странските претприемачи најверојатно ќе продолжи. K.K.