19 Декември, 2025
0.0345

Германците бараат 30 часовна работна недела, но полна плата?!?

Објавено во: Свет 11 Февруари, 2013 21:04

Добивај вести на Viber

Група од 100 германски научници, синдикални активисти и политичари повикаa на 30-часовнa работна недела при што на вработените ќе им биде дадена плата за полно работно време, пренесе Ројтерс цитирајќи го германскиот весник „Tageszeitung“. Главниот аргумент на обединетите зад оваа теза е дека кратката работна недела е најдобар начин државата да се справи со зголемената невработеност. Нивото на невработеност во земјата, кое достигна 7,4% во јануар, според официјалната статистика, останува доста подобро од Шпанија на пример каде невработени се 26% од жителите. Во отвореното писмо објавено денеска, од групата истакнуваат дека намалувањето на работните часови може да им помогне на германските работници. Според нивниот план, изработен од политичари од левицата, филозофи и научници, 30-часовната работна недела може да биде воведувана постепено во рок од неколку години. Таа би требало да ја подобри значително продуктивноста, тврдат тие, што за возврат ќе им помогне на работодавците да плаќаат полни плати. „Имаме потреба од сеопфатен социјален проект за намалување на работните часови. Ова повеќе не може да биде само прашање на политиката на колективно преговарање ", вели за германскиот весник,  Хаинан-Јозеф Бонтруп, професор по трговско право во Вестфалскиот универзитет и еден од главните борци за промената. Според зборовите на Бонтруп,  синдикалните водачи тврдат дека работниците не сакаат пократка работна недела, бидејќи стравуваат дека тоа ќе доведе до намалување на платите и повисоко оптоварување. Тој, сепак, забележува дека таквото мислење е последица на недостаток на елементарно разбирање. „Дури и некои синдикални лидери не разбираат основни работи кои се учат во првиот семестар од обуката по економија", вели германскиот професор.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците