19 Декември, 2025
0.0499

Германците скокнаа, но наскоро ги очекува пад!

Објавено во: Економија 21 Март, 2016 15:34

Добивај вести на Viber

Германската економија, најголемата во Европа, веројатно ќе се забави во вториот квартал на 2016 година, откако во првите три месеци на тековната година, оствари стабилна стапка на раст.

„Германската економија почна во 2016 со голем замав. Сепак, падот на темпото на економскиот раст се очекува во вториот квартал“, се наведува во најновиот месечен извештај на германската Централна банка, Бундесбанк, пренесува Франс прес.

Како што се додава, германската економија, имала солидна стапка на раст во втората половина на 2015 година со раст од околу 0,3 одсто во третиот и четвртиот квартал, што, како што e соопштено било во согласност со нејзините потенцијали.

„Сепак, стагнацијата на индустриските порачки и додатно влошување на индексот на бизнис доверба, нема да и донесе ништо добро на економијата во второто овогодишно тромесечие“, порачува Бундесбанк.

Расположението на потрошувачите, како што се вели, и понатаму е многу оптимистично, откако домашната потрошувачка го заменила извозот како примарен мотор на економскиот раст во 2015 година.

За цела 2016 година, Бундесбанк предвидува раст на германската економија од 1,8 одсто, што е благо над проекциите на владата од 1,7 одсто.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?