Германците затекнати, рекордно намалена продажбата на домашно пиво!
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2013 14:27
Минатата година продажбата на пиво произведено во Германија се намалила на рекордно ниско ниво. Продадени се 96,5 милиони хектолитри, односно 1,8 отсто помалку отколку во 2011 година, објави германската Државна агенција за статистика - Дестатис.
Според Деситас, на германскиот пазар лани се продадени 83,9 отсто или 81 милион хектолитри од произведеното пиво, што во однос на 2011 година е помалку за 2,1 отсто. Обемот на извоз на германското пиво во земјите од ЕУ е намален за два отсто, на 11 милиони хектолитри, но извозот во земјите надвор од Унијата е зголемен за 4,6 проценти и достигнал 4,3 милиони хектолитри.
Лидери во производство на пиво, како и претходните години, се сојузните држави Северна Рајна-Вестфалија и Баварија. Лани тие произвеле 24,7, односно 22,9 отсто од вкупното количество на пиво произведено во земјата.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




