Гевгеличанец загина додека работел во Николиќ
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016
Загина работник од Гевгелија на возраст од 40 години.
Т.С. вчера го поттиснала метална решетка, околу 11 часот додека работел во село Николиќ, во кругот на „Дојран Стил“. Од здобиените повреди работникот починал на пат кон болницата.
Во Јавната здравствена установа во Гевгелија тој е донесен без знаци на живот.