Гевгелија гради нов пазар и автобуска станица
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2012 16:24
Почнаа изградбата на новата автобуска станица и новиот градски пазар во Гевгелијаи инвестициите вредни над 60 милиони денари.
Новиот градски пазар ќе се простира на површина од околу 6.000 метри квадратни, градежните работи ќе се одвиваат во три фази и треба да завршат во рок од 90 дена. „Трговците и производителите ќе добијат многу посовремени услови за работа со што и понатаму ќе продолжи традицијата на нивно собирање на пазарен ден во градот, долга повеќе од век и половина“, рече градоначалникот Иван Франгов и додаде дека со ова се потврдува дека и во услови на светска економска криза на југот од Македонија работите се движат.Според Франгов, со новата автобуска станица и претстојната реконструкција на железничката станица, Гевгелија ќе добие модерен транспортен центар, а објектот оптимално ќе ги задоволи потребите за автобускиот сообраќај.
Инаку, вкупната на вредност на новата автобуска станица изнесува 11,5 милиони денари, а изградбата треба да заврши во рок од 120 дена. Денеска исто така во употреба беше пуштена новоизградената улица „Мирко Делев“ во Негорци, во должина од 609 метри.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





