15 Декември, 2025
0.0299

Ги контролира ли некој и како се тестираат идните пилоти?

Објавено во: Свет 07 Април, 2015 07:43

Добивај вести на Viber

Се почестите авионски несреќи каде многу луѓе ги губат своите животи го потресоа светот. Затоа многу често се поставува и прашањето на кого точно го доверуваме својот живот кога ќе се качиме во металната птица и ќе полетаме? Порано можеби за многумина ова и не било многу битно, но денешната слика која за жал се случува често не приморува да истажуваме какви профили на луѓе навистина треба да управуваат со авион. Ги контролира ли некој и каква е нивната личност.

Тестот на личноста кој е наменет за да се процени подобноста на некои личности за професијата пилот е дел од обврзниот процес на комерцијалните авиопревозници низ кој минуваат сите потенцијални кандидати.

Прашања поврзани за етиката, лидерството, тимската работа, пријателството и управувањето под стрес доминираат на ваквите тестирања.

Начинот на кој личноста одговара на едно прашање влијае и на сите останати во процесот кој е дизајниран така што го открива "вистинското лице" на кандидатот.

Тренерот за регрутација на пилоти Кристи Фергусон од фирмата Pinstripe Solutions вели дека тестовите се прават така што се применливи во целиот свет.

- Прашањата се дизајнирани така што го одразуваат начинот на кој потенцијалните кандидати би се однесувале во кокпитот, објаснува таа.

Освен тестот на личноста, кандидатите одат на интервју, потоа и на разговор со психолог, со капетанот на авијацијата и специјалистот за човечки ресурси.

- Сите авиокомпании ја корегираат техниката за регрутирање како би покриле колку што е можно повеќе аспекти од проверката на кандидатите, вели Фергусон.

Новите фази вклучуваат и телефонско интервју, пополнување на интернет прашалници, испитување пред комисија и групно вежбање кое претставува тестирање за подготвеноста. Тестот за подготвеност покрива девет области: контрола, математика, помнење, мултитаскинг, моторика, просторна ориентација, технички тест, стручен англиски јазик и разбирање на јазици. Кандидатите мораат да добијат и лекарска потврда дека се здравствено 100 процентно погодни за професијата.

- Ако имаат било каков здравствен проблем нивната пријава нема да биде ниту разгледана, објаснува Фергусон.

Тестирањата за пилоти станаа дел од фокусот на јавноста после случајот со Germanwings.

Копилотот кој ја предизвика оваа несреќа, имал епизоди на депресија, но и покрај тоа, тој успеал да ги помине сите тестови. Lufthansa е позната по својот особено обемен програм за регрутација, но кога пилотот еднаш ќе ја добие работата, тешко е да се воочат евнтуални психички проблеми, освен ако самиот пилот не ги пријави.

Еве пример од некои од прашањата кои се дел од тестот на личноста:

Која од понудените реченици најдобро ве опишува?

1. Најпријатно се чувствувам во познато опкружување. Некогаш се обидувам да внесам разноликост во рутината на работата.

2. Го прифаќам својот дел од одговорноста за грешките на работното место. Понекогаш ги прекршувам правилата, ако мислам дека правилото е глупаво.

3. Ги бележам контакт информациите за пријателите и семејството на посебно место. Не ми требаат беспотребни остатоци на работното место.

4. Понекогаш е добро да се работи со други луѓе. Ми делува како да им се допаѓам на повеќето од луѓето.

5. Некои од успесите ѝ ги должам на чистата среќа. Верувам дека мојот живот има цел.

К.К.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев