18 Јули, 2025
0.0325

„ГИ ПОЗДРАВУВАМЕ ИНИЦИЈАТИВИТЕ КОИ НОСАТ ПОГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ДЕЛОТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА“: Еве што велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Објавено во: Економија 12 Август, 2024 13:36

Добивај вести на Viber

Ги поздравуваме сите иницијативи кои носат поголема одговорност и транспарентност во делот на енергетиката. Соопштението на Институтот за демократија во однос на тоа дека треба да бидеме крајно внимателни во делот на енергетиката е факт што бил запоставуван со години. Токму енергетиката е делот каде се направени најголемите криминали за што досега неколкупати алармирале и од Државниот завод за ревизија но без никаков успех, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини 

Ова Министерство е формирано за да се намали корупцијата, која порано токму поради непостоење на ваков тип на институција ја се носеа одлуки, постапки без закони туку со правилници и одлуки на владини седници за кои јавноста и многу малку знаеше. Оваа пракса мора да заврши.

Како Министерство ќе бидеме крајно транспарентни во секоја постапка. Само со транспарентен однос, со јавна дебата за секое прашање и со постојано информирање на сите чинители во енергетиката може да се врати довербата во институциите. Како Министерство, иако ноформирано, покренавме постапка за итна ревизија на сите институции што се под наша надлежност и по спроведената постапка ќе побараме реакција од обвинителството. Во моментов во фаза на ревидирање се постапките за јавни набавки во сите институции кои се спроведувале во време на техничката Влада. Поништен е тендер во МЕПСО од 900.000 евра каде компанијата што се пријавила и го добила нема капацитет ниту ресурси за спроведување на истиот“ велат од министерството.

Оттаму додаваат дека ја усогласиле Уредбата за гаранции на потекло со Енергетската заедница и истата е поставена на ЕНЕР каде е јавна и може да се коментира. 

„ Како држава сме на јавна критика од Енергетската заедница поради неносење на измените на Законите за енергетика и за обновливи извори на енергија. Формирана е работна група во рамките на Министерството каде учествуваат претставници на МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, ЕБРД и Енергетската заедница и се работи на законските измени кои потоа ќе бидат преставени на јавноста и ставени на јавна дискусија.
Ја повикуваме јавноста да ја следи нашата работа и на невладиниот сектор вратите на Министерството се отворени во секој момент. Очекуваме поддршка за нашата работа бидејќи во интерес на јавноста, во интерес на државата е драстично намалување на корупцијата во делот на енергетиката поради што е формирано ваков тип на Министерство“, информираат од министерството.


Можеби ќе ве интересира

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

АКО СТЕ РЕШИЛЕ ДА КУПИТЕ СТАР СТАН: Колку пари ќе ви требаат за реновирање?

АКО СТЕ РЕШИЛЕ ДА КУПИТЕ СТАР СТАН: Колку пари ќе ви требаат за реновирање?

ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ КАЧИ ПЕНЗИЈАТА: 1.000 денари на есен, 1.000 на пролет

ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ КАЧИ ПЕНЗИЈАТА: 1.000 денари на есен, 1.000 на пролет

„КОГА ДОЈДОВ ЗА ДИРЕКТОР, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ БЕА ЗАМРЕНИ“: Трајановски открива во каква состојба ги затекнал „Државни патишта“

„КОГА ДОЈДОВ ЗА ДИРЕКТОР, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА СИТЕ ДЕЛНИЦИ БЕА ЗАМРЕНИ“: Трајановски открива во каква состојба ги затекнал „Државни патишта“

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари