ГИ ВРАЌААТ МЕРКИТЕ: Вирусот брзо се шири во САД
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Висок дневен пораст на заболени од коронавирус во САД.
Вчера регистрираа рекорд во дневно откриени случаи на заболени од коронавирус, 40.000 лица, по што неколку држави повторно ги заострија мерките поради влошувањето на ситуацијата.
Гувернерот на Тексас Грег Абот нареди да се затворат сите барови откако во таа држава има потврдени повеќе од 17.000 заболени во последните три дена, додека во Флорида е забрането пиењето алкохол во баровите откако во еден ден беа регистрирани 9.000 новозаболени. Двете држави се меѓу оние кои ги стопираа одлуките за олеснување на мерките или пак повторно ги воведоа.