09 Октомври, 2024
0.0261

ГИ ЗАСТАПУВАШЕ СТАЛИНИСТИЧКИТЕ СТАВОВИ, А ПОТОА СВРТЕ КОН ДЕСНО: Која е Сара Вагенкнехт која сака да земе гласови од АфД

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Во Берлин денеска е основана нова партија наречена Сојуз Sahra Wagenknecht (BSW), на чие чело е токму Сара Вагенкнехт, поранешна членка на партијата Левица

 „Ова е историски момент. Нашиот сојуз суштински ќе го промени политичкиот пејзаж на Сојузна Република Германија“, рече Сара Вагенкнехт на церемонијата на основање на партијата.

Таа најави дека до следните парламентарни избори следната година партијата ќе работи на својата програма, но дека на изборите за Европскиот парламент во јуни годинава ќе учествува со свои кандидати. Исто така, поранешната политичарка од Левата партија Амира Мохамед Али ја презеде потпретседателската позиција.

„Сакаме да ја надминеме неспособноста и ароганцијата на актуелната власт“

Аналитичарите веруваат дека партијата на Сахра Вагенкнехт, која во рамките на партијата Левица ги претставуваше десничарските позиции како отпорот кон имиграцијата, може да привлече голем број гласачи кои сега гласаат за десничарската, популистичка Алтернатива за Германија, која е особено популарна во источниот дел на земјата.

Вагенкнехт рече дека целта на формирањето на БСВ е да се надмине „неспособноста и ароганцијата“ на сегашната федерална влада. „Граѓаните, особено во источна Германија, се чувствуваат оставени на цедило“, рече Вагенкнехт.

Сахра Вагенкнехт, која делумно има иранско потекло, го привлече вниманието на јавноста со своите екстремни политички ставови, почнувајќи од сталинистички до десничарски популистички позиции, од нејзиното доаѓање на политичката сцена по падот на Источна Германија, каде што беше член на режимската партија СЕД.

ФОТО: EPA-EFE/FILIP SINGER

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална