18 Декември, 2025
0.2073

Ги зголемува даноците, а од такси и давачки државата в година ќе собере неколкупати повеќе од годинава

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2018 07:09

Добивај вести на Viber

Владата планира во буџетот за догодина да инкасира само 6,4 отсто повеќе пари од даноци споредено со даночните приходи годинава. Во година во која ќе се смени даночниот систем и ќе се воведе прогресивното оданочување даночните приходи ќе се зголемат за 7,3 милијарди денари, додека ефектот само од прогресивното одночување е 1,5 милијарди денари. Во истата година Владата планира неданочните приходи да се зголемат на годишно ниво за дури неколкукратно повеќе од даночните или тие следната година се очекува да бидат 24 отсто повисоки од неданочните приходи годинава.

Даночните приходи за 2019 година се планирани во износ од безмалку 122 милијарди денари. Годинава беа позиционирани на 115 милијарди денари или 7,3 милијарди денари помалку. Најголемо учество во планираните даночни приходи има данокот на додадена вредност и тоа 42,8 проценти, додека на акцизите отпаѓаат 22,4 отсто.

„ Од 2019 година е предвидено воведување прогресивен данок на личен доход, со кој лицата кои имаат повисок доход би плаќале данок на доход по повисоки маргинални стапки. Воведувањето на прогресивниот данок се прави со цел да се намали доходовната нееднаквост во Македонија, која е моментално меѓу највисоките во Европа, како и со цел да се обезбедат дополнителни буџетски средства за вложувања во јавни услуги и инфраструктура. Ефектот во Буџетот од воведувањето на прогресивниот данок на личен доход изнесува околу 1,5 милијарди денари, велат од Министерството за финансии во образложението на буџетот.

Со оглед на тоа што Владат го правдаше носењето на прогресивниот данок со потребата од повеќе пари на приходната страна и оваа структура на буџетот докажува дека ефектот е мал, па дури и се гледа дека некаде може да се оствари и повеќе без да се чепка во даночниот систем.

Во Буџетот за 2019 година планирано е 18,5 милијарди денари да се остварат по основ на неданочни приходи. Тие в година ако се реализираат ќе бидат за 24 отсто повисоки од оваа година. Вакви приходи се административните такси кои ги плаќаат граѓаните, концесиите и другите неданочни приходи. Од капитални приходи државата ќе собере 2 милијарди денари или за 7,7 отсто повеќе од годинава, односно зголемување поголемо од тоа кај  даночните приходи. Во капитални приходи државата ги вбројува парите од продажба на општествени станови и земјиште и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?