07 Октомври, 2024
0.0413

Гиевски: Новиот Независен синдикат за образование и наука ја продолжува борбата

Објавено во: Македонија 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Вработените во образованието заслужуваат подобри услови за работа и повисоки плати. Дел од училиштата во 21 век сеуште се соочуваат со  недостиг на просторни и материјални услови за работа, се работи по обемни наставни планови и програми кои водат кон потешкотии во процесот на учење, има отсуство од кадар за професионална ориентација и следење на постигнувањата на секој ученик, како и поддршка во процесот на понатамошно образование на учениците. Почетната плата  на просветниот работник е за 14% помала од републичкиот просек. Наставниците секојдневно се оптоварени  со непродуктивни административни активности. Овие реални проблеми мора да се решат-  вели во интервју  за Фактор, м-р Томислав Гиевски – претседател на  новоформираниот Независен  синдикат за образование и наука.

Фактор: Пред неколку дена официјално се регистрираше односно се формираше нов Синдикат за образование и наука како гранков синдикат во Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ). Како дојдовте до идејата?

Гиевски: Нашето образование доживеа големи ерозии кои доведоа до назадување на воспитно- образовната работа. Согледувајќи ги состојбите во образованието, незадоволството на колегите и нивниот револт, преку разговор за превземање на активности за целата состојба да се смени на подобро, се јави идејата за формирање на синдикат.

Фактор: Секторот образование останува длабоко партизиран и поларизиран, што од друга страна значи дека ќе имате сериозен предизвик и во делот на членството и во делот на суштинско решавање на проблемите. Како ќе го мотивирате наставниот кадар да пристапи кон новиот синдикат?

Гиевски: Во потполност се согласувам дека ова е голем предизвик, но знаејки ги проблемите и соочувајќи се со истите  веќе подолг временски период, спремни сме да се бориме да ги решиме и надминеме истите за да имаме општество каде што работникот ќе се почитува и ќе ги ужива правата кои му се загарантирани со закон. Крајно време е наставниот кадар да се ослободи од стегите. Ослободување - не значи да се заборави; Ослободување - значи да се запамети, но без страв и да се  продолжити патувањето со научената лекција. Слободата на човекот не се состои во тоа дека може да прави се што сака, туку се состои во тоа да не мора да го прави тоа што не го сака.

Фактор: Кои се првичните заложби на идниот образовен синдикат?

Гиевски: Враќање на градинките, основните училишта, гимназиите и средните стручни училишта под целосна надлежност на Министерството за образовани и наука и Министерството за труд и социјала. Усогласување на надлежностите на Државниот просветен инспекторат и на Бирото за развој на образованието во делот на инспекцискиот и стручниот надзор. Усогласување на платите на вработените во образованието со републичкиот просек на плати.Намалување на административната работа во едневникот, односно внесување само на оцените и бројот на изостаноците на учениците. Подобрување на воспитно-образовниот процес со намалување на бројот на ученици во паралелката со максимум 24 ученици, обезбедување поголем број современи нагледни средства за реализација на наставата. Да заживее и да се следи процесот на кариерниот развој на наставниот кадар.

Фактор: Каде како наставничка фела ги лоцирате проблемите во ресорот образование?

Гиевски: Почетната платите на просветниот работник е за 14% помала од републичкиот просек. Наставниците секојдневно се оптеретени со непродуктивни административни активности. Условите на работа не соодветствуваат со можностите за користење на 30% ИКТ во наставата според пропишаните одредби.Навиката постојано да се зборува за проблемите е најлоша. Треба да се ослободиме од неа. Да се зборува за она што го сакаме, за работи кои ни носат радост, Образованието е движечка сила во општеството која создава промени, овозможува усовршување и напредок и крајно време е да се изградат мостови на доверба и разбирање меѓу институциите во образованието.

Фактор:Се најавуваат реформи во образованието, законски измени, ревизија во учебникарството, нови наставни содржини. Очекувате ли вклученост во јавните дебати ?

Гиевски: Во новите реформи вклучени се наставници за решавање на досегашните проблеми, очекуваме преставници и од нашиот синдикат да бидат повикани  да учествуваат во креирање на идните образовни политики.

Фактор: Како ќе реагирате во делот на заштитата на наставничките права, но и самоволието кое со години се практикуваше, а и денес се практикува во дел од училиштата?

Гиевски: Нула политика е доволно политика. Во  Македонија  постојат закони кои ги штитат вработените и работничките права.  Со наша морална поддршка и  соодветна правна заштита од нашиот адвокатски тим ќе ги охрабриме вработените во просвета да не потклекнуваат на самоволието кое со години се практикува. Повеќето од вработените не се запознаени со законите коишто ги штитат. Нашиот синдикат обезбедува правна обука и заштита повикувајќи се на законите за заштита на работничките права и активно дејстува против нивното непочитување.

Фактор: Ниските плати се рак рана која со години нема разрешница. Споредбено се регионот, наставниот кадар во земјава има убедливо најниски примања. Обврските, од административни до практични растат, а платите стагнираат. Каде ќе се бараат решенијата?

Гиевски: Решенијата ќе се бараат со активни преговори со министерствата за усогласување на платите со републичкиот просек.  Наставниците да се растеретат од администрација и да се посветат целосно на воспитно образовниот процес. Денес се бара од образованието да не направи вешти во соочувањето и обработката на масивна количина информации, да размислуваме и комуницираме глобално и да бидеме способни самостојно да го организираме учењето. Главното што не треба да го заборавиме е дека мора да бидеме подготвени да решаваме проблеми што денес не постојат, но утре (кога ќе почнеме со работа) ќе постојат. Како што има кажано Алберт Ајнштајн „не може да решаваме проблеми со користење на истиот начин на размислување што сме го користеле при создавање на проблемот“. Значи, иновативност!

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер