02 Мај, 2024
0.0238

Гигантите почувствуваа како е кога газат на подот кој не е златен

Објавено во: Анализа 10 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Coca-Cola Co. и PepsiCo Inc. најверојатно ќе прогласат лоши резултати во странство и подобрување на условите на внатрешниот им пазар кога ќе ги објават финансиските извештаи за четвртиот квартал, пишува во својата анализа Wall Street Journal. Се очекува и двете компании да земат забавување на продажбата и проблеми поврзани со валутни флуктуации на клучни странски пазари. 2015 година, пак, ќе им донесе уште поголеми предизвици како резултат на забавувањето на економиите и зголемената политичка нестабилност. Истовремено има подобрување на претставувањето на двете компании во САД, каде што корисниците се уште пијат помалку газирани пијалаци, но повторно почнаа да плаќаат повеќе. Во последниве месеци тоа се покажа доволно за да се стимулира повторно продажбата на газирани пијалоци во Америка. Но приходите и на двете компании најверојатно ќе се намалат во последниот квартал, додава во анализата Wall Street Journal. Во октомври Coca-Cola предупреди дека нема да успее да ја исполни целта за 2014 година и тоа ќе биде прв пат, во кој и 'се случува вакво нешто неколку години. J.P. Morgan очекува дека растот во обемот на реализираната продукција на Coca-Cola, која ќе ги објави резултатите денеска, ќе достигне 1% во Бразил и Мексико, 2% во Европа и Јапонија, и 4% во Кина. Потрошувачката на газирани пијалаци во Мексико, која купува повеќе слични производи по глава на жител од било која друга земја, се намалила, бидејќи владата воведе "данок на масти" на слатките пијалаци во јануари минатата година. Coca-Cola генерираат поголем дел од својот профит во странство. Во декември, компанијата најави дека нестабилноста на странските валути ќе го намали оперативно нејзиниот профит со 6-7% во првото тримесечје поради силниот долар. PepsiCo, која во среда ќе ги објави финансиските резултати, се обложи многу на Русија во 2011 година, кога заврши купувањето на компанијата за млечни производи и овошни сокови OAO Wimm-Bill-Dann за речиси 5 милијарди долари. Околу 7% од приходите на компанијата се поврзани со Русија, каде економијата и валутата настрадаа од падот на цената на нафтата и санкциите на Западот по анексијата на Крим. PepsiCo се очекува да преземе удар и од Венецуела - друг главен извозник на нафта, кој се насочи кон рецесија минатата година. Consumer Edge Research предвидува дека PepsiCo ќе земе 4% пад на приходите во Венецуела. Пониската цена на нафтата значи дека американските потрошувачи имаат повеќе средства во своите портфолија. Тие имаат корист и од заздравувањето на економијата, порастот на платите и намалувањето на невработеноста. Ова им помогна на Coca-Cola и PepsiCo да почнат да ги продаваат своите пијалоци поскапо на домашниот пазар. Индексот на потрошувачките цени за безалкохолните пијалоци се зголеми во последните четири месеци од 2014 година, откако две години стоеше на едно ниво, посочуваат од компанијата за истражувања Citi Research. Ова го задржува нивото на приходите од газирани пијалаци во САД, иако обемот опадна за десетта година по ред. Последното се должи на фактот дека се повеќе корисници се свртуваат кон поздрав начин на живот и пијат повеќе вода. Продажбата на газирани пијалаци во САД се зголемија за 1,2% во 12-те недели, завршувајки на 28-ти декември, додека цените забележаа скок со 3,8% во истиот период според Morgan Stanley. К.К.