15 Мај, 2024
0.0307

Гинтер Фриедл си заминува од Управниот одбор на НЛБ Банка поради истечен мандат, Одборот ќе продолжи да функционира со останатите тројца членови

Објавено во: Финансии 20 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Гинтер Фриедл, досегашен член на Управниот одбор на НЛБ Банка, се повлекува од таа позиција, поради тоа што истече неговиот четиригодишен мандат. 

Фриедл оваа информација до сите свои соработници ја соопшти преку својот Линкдин профил, потенцирајќи дека за време на својот ангажман во НЛБ Банка во Македонија имал многу професионален тим од посветени и брилијантни колеги и соработници, на кои им е благодарен, а дека својата кариера ќе ја продолжи во рамките на НЛБ Групацијата во Љубљана.

„Драги мои деловни партнери, пријатели и колеги на НЛБ Банка Скопје, денеска ве известувам дека се повлекувам од функцијата финансиски директор на банката, бидејќи ми истекува мандатот од четири години. Гледам наназад со благодарност и ми беше чест да работам со многу посветени, брилијантни и ангажирани соработници кои ми помогнаа да се развивам понатаму како банкар, но и како лидер. Искрено ќе ми недостигаат особено моите тимови во финансии, финансиски пазари, операции со трезор и управување со податоци, со кои тесно соработував и каде што сите ги внесуваме бројките во животот и целосно им даваме смисла на податоците. На ниво на Управен одбор, посебна благодарност упатувам до поранешните колеги со кои работев во одлични услови, а истото важи и за актуелните колеги! Ќе ја продолжам мојата кариера во НЛБ Групацијата, со седиште во Љубљана, Словенија“, напишал Фриедл на социјалната мрежа Линкедин.

Од НЛБ Банка Македонија за Фактор ја потврдија оваа информација, објаснувајќи дека единствената причина за заминувањето на Фриедл е престанокот на неговиот четиригодишен мандат. Тој, како што и самиот објави, заминува во НЛБ Љубљана Д.Д.

На неговото место нема да се бара замена, односно нов човек, туку Управниот одбор ќе продолжи да финкционира со сегашните членови.

„Управниот одбор на НЛБ Банка Македонија продолжува да функционира со останатите тројца членови, и тоа претседателот на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ, како и преостанатите двајца членови на УО, Петер Зелен и Игор Давчевски“, објаснуваат од НЛБ Банка Скопје.

Инаку, НЛБ Банка е трета по големина банка во земјава и една од најпрофитабилните банкарски институции.

Во периодот јануари септември годинава НЛБ Банка Македонија оствари профит од 33,2 милиони евра, што е зголемување за 21 отсто во однос на истиот период минатата година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка