06 Декември, 2025
0.0525

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

Објавено во: Финансии 14 Мај, 2024 07:30

Добивај вести на Viber

Април генерално бил позитивен за компаниите што котираат на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Зголемување, иако скромно, бележат берзанскиот индекс МБИ 10, но и остварениот промет, бројот на трансакции, како и пазарната капитализација, што всушност говори за пораст на вредноста на акциите на котираните компании.

А, на редовниот пазар, бројките повторно покажуваат дека во тргувањето доминираат акциите на неколку компании.

Тие го сочинуваат и најголемиот „колач“ од обртот кој поминал на македонскиот пазар на капитал.

И во април, акциите на Комерцијална банка доминираат во бројот на истргувани акции, но и во сумата на остварениот промет, која е фасцинантна. Односно, податоците покажуваат дека со акциите на нашата најголема банка биле свртени безмалку 3 милиони евра, или попрецизно, 2,99 милиони, а тоа го сочинува речиси половината од вкупно остварениот априлски берзански промет, односно 48,64 проценти.

Уште една компанија, односно фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, има акција за која инвеститорите се буквално „луди“, бидејќи со неа е остварен промет од 1,2 милиони евра во четвртиот месец од годинава, и на што отпаѓа речиси 20 проценти од вкупниот обрт.

Значи, поедноставно кажано, близу 70 отсто или повеќе од две третини од берзанското тргување, го создало прометот со акциите на овие две компании.

Одлично тргување е остварено со акциите на НЛБ Банка, која е на трета позиција, и со кои се свртел промет од 610 илјади евра, што сочинува околу 10 отсто од вкупно остварениот обрт.

Нафтениот гигант „Макпетрол“, како и Стопанска банка Скопје, се исто така респектабилни и омилени инвеститорски акции, бидејќи со едната е остварен промет од 367 илјади евра за еден месец, а со другата 359 илјади или процент на учество од 5,98 и 5,84 проценти од вкупниот промет соодветно.

Во топ десетте најтргувани акции следуваат и Македонски Телеком, УниБанка, Реплек, Гранит и ТТК Банка.

А, со акциите на сите останати компании е остварен во април вкупен промет од 119 илјади евра, или 1,94 проценти.

Во април најголем пораст имала акцијата на скопската цементарница УСЈЕ, и тоа за 15,2 отсто, достигнувајќи 36 илјади денари за акција.

Н.Н.Ф. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката