МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра
Објавено во: Финансии 14 Мај, 2024 12:02
Македонците најмногу пари во странство потрошиле преку „Букинг“, „Амазон“, „ASOS“ и „Визер“, ова го покажуваат најновите податоци за платежните активности на нашите сограѓани.
Имено, минатата година со платежни картички од Македонија во странство се потрошени 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн.
Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).
Во однос на 2022 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2023 година потрошиле 25,3 отсто повеќе. Бројот на е-трансакциите кон странските земји изнесува 4,6 милиони, а просечната трансакција 43 евра.
Вкупно 72 отсто од вредноста и 80 проценти од бројот на направените трансакции се во Холандија, Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург, Грција и Германија.
Mакедонците во 2023 година потрошиле најмногу пари во Холандија (27,5 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (890 илјади). Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оставриле во Унгарија односно 144,3 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција, 11,7 евра.

Најмногу трансакции се направени кон Холандија, Обединето Кралство и Унгарија и оствариле вредност од 77 милиони евра, што преставува 39 проценти од вкупно остварената вредност онлајн во странство.
Ваквата потрошувачка е очекувана ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Booking.com (Холандија), Amazon UK, ASOS (Велика Британија) и WizzAir (Унгарија), додека највисокиот оставерн број на трансакции од Македонци во Луксембург се должи на тоа што во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија.
- Растот остварен во 2023 година во однос на минатата година изнесува 25 проценти наспроти 46 отсто во 2022 година спрема претходната. Најголем пораст во 2023 година од земјите кои сочинуваат 72 проценти од вкупната вредност остварена со македонски картички кон странски е-трговци е остварен кон Грција (81,6 отсто). Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навики и зголемено користење на онлјан купување воопшто. Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите - вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Согласно објавените податоци од Народната банка, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2023 година потрошиле 26,8 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од скоро 23 проценти. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 852,3 илјади трансакции или просечно потрошиле 31,4 евра по трансакција. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2023 година 50 отсто припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји.
Скоро 4 милиони евра или 18,5 проценти од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2,6 милиони евра или 9,7 отсто од Швајцарија и 1,7 милиони евра или 6,2 отсто од Обединетото кралство. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 5,6 проценти од онлајн трансакциите, Турција со 4 отсто, и Ирска и Бугарија 3 проценти од вредноста на онлајн трансакциите.
Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2023 година во однос на претходната година е остварен од Ирска, додека највисока просечна трансакција е направена од Бугарија во износ од 43 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





