29 Септември, 2024
0.0254

ЃОРЧЕВ: Петков е американска школа, може да се очекува и повлекување на бугарското вето

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Кирил Петков, новиот премиер на Бугарија има суштински и поразлични предлози за проблемот со Македонија и мислам дека формирањето работни групи ќе донесе нов квалитет кој може да значи и повлекување на ветото, вели Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија. Тој во интервју за Сител вели дека има оптимизам во следниот период за ова прашање.

„Ценам дека неговите предлози се суштински поразлични и тој предлог за формирање работни групи ќе донесе до нов квалитет кој ќе може да значи повлекување

на таа исклучивост на историските прапшања кои досега ги затемнуваа хоризонтите на другите области. Тие работни групи би довеле до тоа дека имаме како земји и позначајни интереси. Отвора перспективи. Уверен сум во тоа затоа што и Петков и и неколкумина други членови на новата бугарска Влада се воспитаници на американски систем кој се потпира на граѓанската димензија, вели Ѓорчев. 

Инаку бугарскиот премиер Кирил Петков, кој заедно со неговата влада денеска беа изгласани во собранието, во своето прво интервју од новата функција дадено за бугарската државна телевизија БНТ, најави дека тие ќе ја зачуваат државната позиција кон Северна Македонија, но дека ќе ја надградат. Тој нагласи дека имале јасна дебата со нивните коалициски партнери и дека позицијата е запишана во коалицискиот договор.

„И тука ќе биде новината. Надградувањето треба да се случи преку заеднички групи што ќе работат секој месец најмалку еднаш месечно и да зборуваме за заедничка инфраструктура, заедничка култура, заеднички економски чекори… Така што, кога зборуваме за дебата и за решавање на заедничките проблеми – да се фокусираме на добрососедство, на она што и двете страни можат да го добијат како добри соседи едни кон други“, рече Петков.

Најави и дека комуникација со Скопје ќе воспостават во најкус рок.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“