Ѓорѓи Спасов: Договорот ги поразува националистичките политики во двете земји
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018 11:52
Постигнатиот Договор меѓу Грција и Македонија е без сомнение од историско значење за двете земји и за народите во нив, вели поранешниот амбасадор на Македонија во повеќе земји Ѓорѓи Спасов. Според него договорот отвора ново поглавје во развојот на Македонија.
„Премиерите Ципрас и Заев демонстрираа визија и одважност во решавањето на овој децениски спор.Нивната храброст и прагматичност ги издвојува од големиот број на балкански политичари кои се одржуваа на власт само со националистичка реторика и ширењето страв од соседите.Договорот отвора ново поглавје во развојот на Македонија и со сите свои елементи е во функција на зачувување на мирот на Балканот, зачувување и јакнење на македонскиот национален идентитет и создавањето услови за побрз економски развој на двете земји.Договорот е пораз за националистите и за националистичките политики во двете земји и оттука неговото неприфаќање од нивна страна е само сигурен знак дека ја губат подлогата за своето политичко опстојување“, вели Спасов.
Додава дека премиерите на двете земји заслужуваат поддршка да истрајат во процесот на целосната имлементација на овој договор за мир, пријателство и за меѓусебно почитување. Вели дека луѓето што ова не можат да го разберат еден ден ќе се срамат од својата неспособност што не успеале да ја согледаат големината на овој чин.
Фактор ќе објави мислења на повеќе јавни личности, професори, новинари, познавачи во однос на објавата на Владата, вчера, дека е постигнато решение за името и договорот за спорот со Грција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




