05 Декември, 2025
0.2020

ЃОРЃИЕВСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ОД СИТЕ ГРАЃАНИ НА СКОПЈЕ: Ќе разговара со сите партии што не влегоа во втор круг, ќе им нудел соработка

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2025 14:02

Добивај вести на Viber

Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина. 

-Од дното на моето срце, сакам да ви се заблагодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие избори. Резултатот е јасен и недвосмислен - Скопје гласаше за работа. Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, истакна тој. 

Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје избра иднина. 

- Оваа победа и водство во првиот круг не е моја лична победа. Ова е победа на сите вас, кои верувате во развиено, европско и функционално Скопје. Вашата доверба е најголемиот мотив, но и најголемата обврска за мене. Вие испративте јасна порака дека нашиот град заслужува и може многу подобро, подвлече тој. 

Притоа, потсети дека следува вториот круг од изборите. 

- Првото полувреме го добивме убедливо, со огромна поддршка, но, натпреварот се уште не е завршен. Работата мора да ја довршиме. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема. Затоа, нема застанување. Уште од денес, продолжуваме со уште посилно темпо, најави Ѓорѓиевски. 

Во наредните две недели, како што рече, заедно со неговиот тим ќе бидат присутни во секое маало, на секоја улица, во секој дом.

- Ќе разговараме со уште повеќе граѓани, ќе ја претставиме нашата програма и ќе ги слушнеме вашите идеи и критики. Сакам да упатам порака и до оние граѓани, кои во првиот круг не излегоа на гласање или го дадоа својот глас за некој од другите кандидати. Вратата на нашата граѓанска коалиција е отворена за сите. Нашата визија е обединето Скопје, а не поделен град. Ве повикувам да ни се придружите, да се обединиме околу идејата за подобро Скопје за сите нас, рече Ѓорѓиевски. 

Најави дека уште од денеска ќе разговара со сите кандидати и политички структури, кои не влегуваат во вториот круг. Ќе понудел соработка, затоа што, како што истакна, на Скопје му треба работа, а не политика. Тимот кој ќе го водел Скопје, ќе бил составен исклучиво од најдобрите.

- Овој град изгуби премногу време во експерименти. Доста е. Да ги засукаме ракавите и да покажеме дека треба работа. Ве повикувам за поддршка, во вториот круг да излеземе уште помасовно. Да ја потврдиме волјата на мнозинството и да ја запечатиме конечната победа. Ова е битка за развиено и функционално Скопје. Да ја добиеме сите заедно, порача Ѓорѓиевски. 

На новинарски прашања, дали очекува поддршка од СДСМ и ДУИ во вториот круг, тој одговори дека очекува да го поддржат сите граѓани на главниот град. 

- Не водам политика. Јас сум работник и сум човек од народот и затоа на целиот народ во Скопје му нудам подадена рака, одговори тој. 

Притоа, додаде дека очекува во вториот круг, да расте излезеноста и поддршката. 

Ѓорѓиевски рече дека му се важни сите граѓани и најави рамномерен развој на градот. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите