25 Април, 2024
0.0287

Ѓун Ѓунсој, главен извршен директор на „Аџибадем Систина“: И во 2023 година продолжуваме со вложувања во современа технологија и врвни здравствени услуги

Објавено во: Економија, Македонија 23 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Со надеж за нова поуспешна година, со желби за подобро здравје за сите, крајот на оваа година, традиционално го одбележуваме со серија обраќања на познати бизнисмени, банкари, претприемачи, директори на компании или со еден збор сите релевантни чинители на домашната деловната заедница.

Неизвесноста која се наметна со пандемијата, продолжи низ годините, но и покрај тоа нашите компании успешно се справуваат со сите предизвици кои се наметнаа изминативе години. Фактор во деновите пред Новата година со читателите ги споделува обраќањата на првите луѓе на најуспешните компании.

Стартуваме со Ѓун Ѓунсој, главниот извршен директор на „Аџибадем Систина“, болница која денеска е препознатлив бренд како во нашата земја така и во регионот. Ѓунсој за Фактор открива дека годината што ја оставаме зад нас се покажала како една од најпредизвикувачките, но сепак, тоа не е причина за застој во „Аџибадем Систина“. Како една од најуспешни болници и покрај многубројните предизвици фокусот го ставаат на развој на технологијата, воведување на нови научни достигнувања и едукација на кадарот со цел подобра услуга за посетителите.

„Ова беше една од најпредизвикувачките години, а последиците од кризата освен што ги чувствуваа поединците, секако се одразија и на работата на компаниите. Високата инфлација, порастот на цените на енергенсите и политичките тензии во светот негативно влијаат врз сите нас. Покрај тоа, проблемите во ланците на снабдување имаа негативно влијание. Во последниот период се редуцираа логистичките проблеми што ги презедовме од претходната година, сепак и натаму сме сведоци на нивните ефекти.

Здравството е надеж, тоа е во неговата природа. Одлика на успешните е да наоѓаат можности во неизвесноста, па во таков стил треба да се продолжи. Секако, знаете, актуелните економски проблеми нема да се решат со промена на календарската година и ќе се провлекуваат уште некое време, но ние не ја губиме надежта.

Во таа смисла секако, како што се очекува, наскоро најверојатно ќе се надминат проблемите кои ги предизвика пандемијата на КОВИД 19, па се надеваме дека заеднички и со најмала штета ќе ги надминеме и економските проблеми.

Нашите инвестиции во човечкиот кадар, во неговата сила, но и во технологијата ќе продолжат и следната година и тоа со забрзано темпо. Ние вложувавме постојано во современа опрема, но и во едукацијата и стручниот кадар со што болницата прерасна во врвна здравствена установа во земјата и во регионот. Сето тоа е влог, но надоградувањето нема да застане. Остануваме посветени на одржувањето на имиџот на болница која нуди услуги на светско ниво, а во 2023 година тие инвестиции ќе се зголемуваат. Ако гледаме на позитивната страна на проблемите со кои се соочивме, еден од нашите најважни инвестициски планови е „Аџибадем Систина“ да го продолжи функционирањето во 2023 година со чиста и обновлива енергија. За многу кратко време речиси целата енергија што ја користиме за обезбедување здравствени услуги ќе можеме да ја добиваме од природни извори.

Во оваа прилика на сите ви посакувам добро здравје во годината што следи“, вели Ѓунсој за Фактор.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди