16 Мај, 2024
0.0277

Гласајте за нашите Ана, Мила и Марко на интернационалниот „Red Bull Can You Make It“ натпревар за најдобро видео

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Големата авантура наречена Red Bull Can You Make It започна. Стотици тимови од различни делови на светот со желба да бидат дел од авантурата на животот го покажаа својот карактер и жед за авантура поднесувајќи свое видео.

Во конкуренција е и македонскиот тим „Reservoir Bulls“ кој се состоио дАна, Мила и Марко, студенти на факултетот за архитектура Св. Кирил и Методиј, Скопје, желни за патувања, кои сакаат да докажат дека не треба пари за бесценети искуства. Позитивни, желни за авантури и за живот со полна пареа, што беше и повод да се пријават на овој настан.

Can You Make It e организиран настан во кој учествуваат повеќе од 50 земји на глобално ниво, 167 тима и ако и Reservoir Bulls се едни од тие среќници (од вкупно 14 тима од Македонија) ќе се борат да ја победат трката низ Европа, 7 дена без пари, картички и телефони, самосо „Red Bull“ како валута.

За да стигнат до таму потребна им е вашата поддршка и глас, но пред тоа уживајте во нивното видео, гласајте и ако се ваш фаворит раскажете за нив на сите во вашиот свет. Проследете го следниот линк и гласајте со like на копчето под видеото: http://www.redbullcanyoumakeit.com/en/applications/4850/.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/luo7p7TOVtg[/embed]

Проверете ја нивната работа и креативни способности. Тие се натпреваруваат со студенти од целата планета, со цел да освојат што е можно повеќе гласови. Секој „лајк“ се брои! Бројот на гласови е главниот фактор да станат дел од авантуристичкото патување. Во последната фаза, судиски панел ќе ги избере 164 тимови учесници од сите финалисти.

Тие го споделуваат целиот нивен процес на аплицирање:

- Нашиот тим се склопи некако спонтано, знаевме и тројцата дека сме подготвени за ваков предизвик. Од претходно искуство, знаевме дека си одговараме за патување, дека сме физички подготвени и снаодливи. За да поминеш толку многу километри без ресурси, потребно е да си комуникативен, отворен спрема различни култури и да не ти е проблем да приоѓаш налуѓе и брзо да создаваш пријателства.

Претходно се случувало, да не следи таква некоја среќа, да успееме да добиеме бесплатна туристичка тура со џипче, само затоа што на водичот му било досадно, или бесплатна храна, бидејќи пекарата и така ќе затвoрала. Сѐуште не сме успеале да спиеме во хотел за без пари или да летаме со авион, но се надеваме дека после овој предизвик ќе имаме уште многу интересни искуства, - вели Ана Пајковска.

Таа раскажува и за креативниот процес од задачата, но и за значењето на оваа авантура:

“Предизвик ни беше и креирање на самото видео. Во тој период, не живеевме во ист град, а битно беше да се претставиме како тим. Сепак, многу сме задоволни со финалниот резултат, бидејќи успеавме да доловиме приказна, и да го споделиме концептот на патувањето. Видеото е динамично и поминува брзо, го пренесува нашиот позитивен карактер и остава чувство на “сакам уште!” после гледањето, како што би рекле првите негови гледачи. Пласирањето на овој натпревар ќе значи многу за нас, бидејќи ќе успееме да процениме колку сме спремни за освојување на нови континенти. Со ова патување планираме да го најдеме најефтиниот и најдобриот начин на поминување километри, стекнување искуства и пријателства, запознавање нови култури, и спремни сме понатаму да го споделиме со сите. Доколку бидеме дел од предизвикот, ќе ви пренесеме се она што сме научиле за оваа недела, сите tips & tricks (предлози и трикови) кои би можеле да ги искористите, сите што сте заљубени во патувања, но не сте спремни целата заштеда да ја потрошите на тоа. Ќе ви го пренесеме, најефтиниот и забавен начин да го направите тоа. Сите кратенки, локации и адреси кои нудат добредојде за следни авантури”.

- За да бидеме тим-претставник на нашата нација, проследете го следниот линк (http://www.redbullcanyoumakeit.com/en/applications/4850/ )и ако ви се допаѓа, секако ќе бидете од помош да помогнете, а ние сме однапред без резервно благодарни!, низ смеа ни расакажа Ана.

 Red Bull Can You Make It? ги предизвикува студентските тимови низ целиот свет да учествуваат во животната авантура. Во 2016 година вкупно 165 екипи од 50 земји во светот ќе имаат само една седмица на располагање (од 12 до 19 април) да пропатуваат 1.000 километри низ Европа, и тоа од една од петте Појдовни точки, се до Целната линија во Париз, користејќи само лименки на Ред Бул како валута. Оценувањето ќе се врши базирано на три фактори: попатни предизвици, следење преку социјалните мрежи и извршување задачи од „Листата на авантури“. Не е најважно кој прв ќе стигне на целта, туку се сметаат патувањето и авантурите. www.redbullcanyoumakeit.com

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!