14 Мај, 2024
0.0264

„ГЛАСНО“: Случајот во Штип ни потврди во каква состојбата се човековите и работничките права во текстилот

Објавено во: Економија 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Дека текстилните работнички јадат леб со седум кори, покажа и последниот пример во Штип, каде на девет работници работодавецот им бараше да платат висока оштета бидејќи на Успение на Пресвета Богородица не дошле  на работа.

Сопственикот на компанијата се откажа од барањето за оштета, а од работниците претходно  бараше да му исплатат 29.660 евра. Работниците сами си дадоа отказ.

Здружението на текстилни и на кожарски работници „Гласно“ од Штип застана во одбрана на работниците.

Платите во текстилниот  и кожарскиот сектор се движат од 7000 до 15 000 денари во просек,  но за да се има целосната  анализа  потребни се целосни  истражувања, а секоја половична анализа е само забуна и дополнително влошување на состојбите, додаваат од  „Гласно“. Велат дека мобингот е секојдневие,  а договорот за месец дена се практикува често и тоа не само во наведениот сектор, туку и во други.

Горан Трајков од „Гласно“ вели дека последниот случај во Штип само  ни потврди на сите во  Македонија во каква  состојбата се човековите и работничките  права во текстилната индустрија.

„Немањето синдикат, оневоможен  пристап до правда, правно неписмени работници,лоши законски решенија односно неправедни закони се изворите на овие состојби. За да зборуваме за проблемите ќе мора да го лоцираме изворот на истите.Проблемите се во законските решенија. Законот за работни односи и 10 годишното беззаконие и безредие  е формулиран во овозможување и создавање на   задоволни работодавачи, за создавачите на профитотдодека за работниците не постојат механизми  за вреднување на нивниот труд. Ниту еден од стопанствениците  не би создавал проблеми доколку тие не би биле легализирани преку законските нормативи,тука би се задржал најмногу на опресијата која законот за работни односи го овозможува во полза на работодавачите. Долгорочното планирање и заштита мора да се приспособи затоа што првиот фактор кој мораме сите да го гледаме е недостатокот на работна сила - остарена работоспособна држава во поглед на состојбите во текстилната и кожарската  индустрија. Само во Штип недостигаат од 2000 до  3000 работници во оваа индустрија. Кога работодавачите се лакомат за престиж и акумулирање на богатства, а за сметка на поголема група на луѓе ги осиромашува односно не им го исплаќа сработеното,  тука нема иднина. Државата мора да биде таа која ќе балансира. Овде мислам на налозите  кои работодавачите од своите странски партнери ги презимаат со ветување дека ќе ги исполнат. Секоја теза изнесена и пласирана во јавноста дека странските инвестиции  се дојдени по евтина работна сила,  треба да се знае  дека се овде затоа што тоа што овде се дава како плата во  нивните држави е дневница. Колку поевтино од ова можеме како држава, јас би рекол три дневници за работниците во странските инвестиции, а домашните да го следат примерот“- вели Трајков.

Според него, треба да се регулира прекувремената работа, немањето право   на слободни денови или денови на неделен одмор и празнување,нормирираниот учинок- пресметката на платата, договорите на месец дена, немањето исхрана. Вели дека овие работи се доволни за почеток за подобрување на положбата.

„За во иднина потребна е стратегија за овие две гранки со измени на ЗРО- Законот за работни односи во Република Македонија. Потребно е да се создадат механизми кои ќе го штитат  работоспособното население  и овозможување на благосостојба  за сите засегнати страни  и доколку не се создадат овие механизми и законски нормативи стопанството во Република Македонија ќе колабира и ќе потикнува  поголемо иселување од досегашното“ – додава Трајков.

Според податоците на „Гласно“, во Штипсе вработени околу 7000 работници односно скоро секој трет е вработен во текстилната индустрија.

Минатата година и жени од Крива Паланка добија откази од „Веибо“. Поплаки за условите имаше и во други фабрики во Источна Македонија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција