05 Декември, 2025
0.0286

Главниот град ги избра најдобрите трговски објекти за 2012

Објавено во: Економија 25 Декември, 2012 16:05

Добивај вести на Viber

Градот Скопје во рамки на “Месецот на трговијата“ во соработка со агенцијата Свот Рисрч ги избра најдобрите трговски објекти во Скопје за 2012.
Преку едномесечно остражување трговските објекти беа избрани во седум категории од страна на обични граѓани т.н мистери шоперс во соработка со Свот Рисрч.
Во категоријата Апарати за домаќинство, бела техника и се’ за дома, првото место го освои Електроелемент, а во категоријата Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема победи Вип оператор.
Од категоријата Златари, филиграни и продавници за накит за првото место се избори Божиновски,  а пак во категоријата Парфимерии и козметика победи парфимеријата Ри – Ма.
Салонот за мебел и канцелариска опрема Лектус Груп со само едногодишно постоење го освои престижното прво место, во категоријата супермаркети победи Тинекс, а во категоријата најдобар бутик во Скопје, победи бутикот Денси М.
Тајните купувачи, објектите ги оценуваа по три пати и тоа според неколку критериуми:  изглед на продажното место; прв контакт со вработените; услуга на вработените; продажни вештини; завршен контакт и задоволство од купувачкото искуство, а резултат од над 90 отсто претставува висок резултат.
-Трговските објекти беа оценувани според методот на mystery shopping од тајни купавачи според седум критериуми. Град Скопје “Месецот на трговија” го реализира  со цел развој на трговијата, зголемување на конкурентноста, следење на европските трендови и подигнување на нивото на квалитет на услугите. Драго ми е што со организацијата на овој проект придонесуваме секоја година во подобрувањето на услугата на трговците. Воедно би сакал да им честитам на добитниците на наградите за најдобар трговец и се надевам дека ќе продолжат да им нудат одлична услуга и грижа“, изјави на доделувањето градоначалникот Трајановски.
Тој посочи дека преку доделувањето на овие признанија, се надева дека ќе се стимулира подобрувањето на услугата кон купувачите, а посочи и дека од огромна важност е и стимулацијата на вработените, нивното обучување, вложувањето во нив и секако навременото плаќање, се’ со цел добра услуга на клиентите и на туристите кои би посакале да се вратат повторно.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?