29 Септември, 2024
0.0237

Главниот страдалник од билатералните санции меѓу Брисел и Москва

Објавено во: Анализа 20 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Валутите на земјите од Централна и Источна Европа , вклучувајќи го и унгарскиот форинт, чешката круна и полската злота, претрпеа загуби во однос на доларот по контрасанкциите на Русија спрема Западните сили. Активностите на Кремљ, дојдоа како одговор на украинската криза, паднаа и очекувањата за претставувањето на регионот во краток и среден рок. Инвеститорите реагираа не само на ескалацијата на насилството во источна Украина, но и на санкциите на Европската унија против улогата на Русија во конфликтот, како и на спротивната реакција на Москва. Првиот круг на Западените санкции дојде откако Русија анексира Крим во март. Агресивните активности на Владимир Путин ја натераа ЕУ да наметне неколку санкции на руски поединци кои се сметаат за блиски до рускиот претседател. Кремљ пак одговори со забрани на увозот на широк спектар на намирници - овошје, зеленчук, месо, риба и млечни производи од земји кои ги поддржуваат санкциите. Пазарите во земјите од ЦИЕ, кои традиционално се најранливи економски и далеку повеќе зависни од извозот за Русија, беа меѓу најпогодените од инвеститорските распродажби. Побарувачката на акции и обврзници на растечките европски економии се намали драстично во август. Инвеститорите повлекоа 234 милиони долари од пазарите од регионот во првите десет дена од август по порастот на обемот со 33 милиони долари во јули и 891 милиони долари во јуни, покажуваат податоците на истражувачката компанија EPFR Global. Од друга страна инвеститорите почнаа да купуваат имот со очекуваниот пораст на цените, што се очекува да следи по затоплувањето на односите со Москва. Русија е еден од најголемите производители на паладиум, никел и алуминиум, како и вториот најголем извозник на нафта во светот. Иако овие пазари не се особено погодени во моментов, некои инвеститори стравуваат од пореметување на снабдувањето, а исто така и од тоа дека Руската Федерација може да ги искористи своите позиции и да се одмазди со ограничување на извозот. На 7 август Русија најави едногодишно ембарго на месото, рибата, млечните производи, овошјето и зеленчукот од ЕУ, САД, Канада, Австралија и Норвешка, како одмазда за економските санкции на Западот. Според премиерот Дмитриј Медведев ембаргото ќе ја охрабри конкуренцијата, обезбедувајќи подобри позиции на внатрешниот пазар за руските фармери. Тој ја критикуваше "ситуација во која сите јаболка, на пример, доаѓаат од Полска или некои други производи, на пример риба - од Норвешка". Европската комисија беше принудена да одобри итно финансирање во износ од 125 милиони евра за производителите на овошје и зеленчук, кои беа сериозно погодени од наметнатата од Русија забрана за увоз на производи од Запад. Праски, доматите, пиперките, краставиците, грозјето и крушите беа вклучени во шемата за помагање. Во листата ќе влезат уште и морковите, белата зелка, карфиол, печурките, јаболката, црвените шумски плодови, грозје и киви. Комесарот за земјоделство на ЕУ Дачијан Чиолос изјави дека културите фатени во шемата за надомест на ЕУ, се оние без можност за складирање. Најголемите извозници на свежо овошје и зеленчук од ЕУ во Русија во 2013 година биле нејзините соседи Полска (овошје - 339 милиони евра, зеленчук - 173 милиони евра) и Литванија (309 милиони евра и 340 милиони евра) . Вкупниот извоз на овошје од ЕУ во Русија минатата година изнесуваше 1,07 милијарди евра. Главните губитници од санкциите ќе се Литванија, Полска, Финска и Данска. К.К.