19 Декември, 2025
0.0466

Глигор Бишев на чело на Шпаркасе?

Објавено во: Економија 14 Март, 2013 11:13

Добивај вести на Viber

Глигор Бишев, првиот човек на Стопанска банка од Скопје, заминува од банката и во иднина ќе раководи со Шпаркасе банка, велат извори од банкарскиот сектор, пишува Дневник. Преговорите биле интензивни и всушност станува збор за обновени разговори што се водат во централата на Шпаркасе во Грац. Претходно преговори за преземање на челната позиција во банката биле водени и кон крајот на 2011, односно почетокот на 2012 година. Од Народната банка на Македонија која треба да даде одобрение за застанување на Бишев на чело на друга банка одговорија дека немаат такво барање. Бишев сеуште не одговорил дали е точно дека ја напушта Стопанска банка и заминува во друга банка, додека од Шпаркасе официјален одговор се очекува за два дена. Иако информацијата е „за неверување“ со оглед дека Стопанска банка е втора по големина банка во државата, а Шпаркасе е петта, со „желба“ да стане трета, сепак, извори за Дневник велат дека Австријците имале сериозни намери да ја зајакнат банката. Во еден период дури постоела намера за купување на една од двете најголеми банки во државата и тоа преку Ерсте банката која е 25 отсто сопственик на „Штаермаркише шпаркасе“ од Грац. Преговори наводно биле водени за купување на Kомерцијална банка, но понудената „продажна цена“ била превисока. Истите извори додаваат дека Стопанска веројатно тешко би можела да биде продадена бидејќи е „златна кокошка“ на Националната банка на Грција во чија сопственост е. Зајакнувањето на банката, централата сака да го обезбеди со поставување на искусен банкар на нејзино чело, со големо искуство, каков што во секој случај е Глигор Бишев. Причината, пак, за заминување на Бишев од Стопанска, исто така е во сферата на шпекулациите. Едната е „непристојниот предлог“ од Шпаркасе, а втората е несогласувањето со челните луѓе на НБГ врзани за одливот на средства кон Грција, пишува весникот.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар