Глигоров: Имаме бизниси кои секојдневно се мачат со предизвиците
Објавено во: Економија 17 Јули, 2016 10:39
Стопанственикот Венко Глигоров во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека државата успеа да ја намали корупцијата на пониските ешалони.
Според него, ние мислевме дека тоа е добро, дека навистина се занимава со борба против корупцијата, меѓутоа од друга страна гледаме дека постои некој вид на организиран грабеж на општествениот имот на највисоко ниво. Глигоров вели дека имаме бизниси кои секојдневно се мачат со предизвиците.
„Има фирми коишто соработуваат со власта, земаат тендери и слично, тие ќе ви кажат дека е супер деловната клима, ваква влада немало досега и нема ни да постои, меѓутоа имате една многу поголема група на реални бизниси, коишто не работат директно со државата, коишто се мачат секојдневно со предизвиците и со бизнис климата, но и со купувачи и добавувачи и тие може да кажат дека толку лошо не било можеби 25 години, уште од транзицијата. Останува уште една мала група реални фирми коишто работат извоз и коишто се релативно задоволни од пласманите, но не се задоволни од целокупната клима во Македонија, ги загрижува ситуацијата, протести, премногу раскараност, поделеност, има исто така и неликвидност и во голем дел непрофесионалност од државните институции“ - вели тој.
Додава дека има неколку нивоа на политичка криза. Вели дека таа прво е последица од слабото работење на институциите на државата во последните години. Ако имате партизирани институции, ако имате бавни процеси, ако имате многу корупција и слично, тоа директно влијае на работењето и на бизнисите, смета Глигоров.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




