Глобален иновациски индекс и глобално рангирање на земјите
Објавено во: Мои пари 03 Март, 2025 10:48
Швајцарија e клучен центар за најсовремени истражувања и развојспоред извештајот на WIPO ( Светски извештај за интелектуална сопственост) која е рангирана на прво место во целина 14-та последователна година, особено во делот на креирање на иновации, кое вклучува создавање на знаење, влијание и дифузија.
Во глоблани рамки може да се забележи дека рангирањето на државите на скалата на глобалниот иновациски индекс е во директна зависност од висината на % за иновации и развојкој што државите го издвојуваат од БДП, конкретно Швајцарија има највисока стапка каде што дури 3,2% издвојува за БДП за развој и иновации.
Швајцарија е несомнено центар за истражување, висококвалификувани работници и напредно производство, особено во области како биотехнологијата, роботиката и инженерството. Големиот удел на луѓе со докторати (3%) е доказ за тоа.
Дополнително важно за овогодинешното рангирање на државите е социјалното претприемништво кој беше избран како фокус на кој се базира Глобалниот индекс на иновации.
Со самото тоа што социјалното претприемништво е поставено како приоритет ова обезбедува „трансформативен пристап за решавање на некои од најважните светски социјални и еколошки предизвици преку спојување на иновативниот капацитет на бизнисот со алтруистичките цели на општествениот сектор“.
Директната зависност помеѓу иновациите и социјалното претприемништво особено се потпира на фактот што дури повеќе од половина од глобалниот БДП е зависен од природата и природните ресурси и од тука се наметнува потребата да се подоминантна и водечка позиција завземаат иновациите во доменот на социјалното претприемништво од сега па натаму.
Во фокусот на овогодинешниот World Economic Forum беше и Инвестирање во она што е најважно: природата во фокус на Давос 2025 година
Светскиот економски форум 2025 година во Давос го виде фокусот на природата како вредна инвестициска можност и фундаментална за напорите да се направат бизнисите поотпорни, да се справат со климатските промени и да се отстранат штетите на животната средина.
Овој пристап на влијание на климатските промени врз бизнисите и инструментите на финансирање се повеќе банките го евалуираат при носењето на одлуки за финансирање, каде што успехот на се поголем број на компании и бизнис модели се во директна зависност од природните ризици, и истите се под најголема закана од климатските промени и екстремните временски услови.
Фактот што повеќе од половина од глобалниот БДП e зависен од природата и природните ресурси, истото ова постанува се поголем приоритет да компании ги приспособат своите деловни модели во транзицијата кон одржлив економски модел.
Од аспект на решавање на климатските проблеми во доменот на мојата работа, би сакала да нагласам дека можноста некое решение да биде видено, и прифатено како иновација од страна на потенцијалните инвеститори е многу поголемо и поприоритетнo од аспект на сите рокови и барања кои течат за NetZero society и обврската која што ја имаат потпишано државите за зелена транзиција. Па така во ургентноста на изнаоѓање на соодветни глобални решенија за намалување на загадување, или пак намалување а воедно и одржување на процентот на глобално затоплување кој несмее да надмине 1,5% на годишно ниво, се повеќе климатските промени се предизвик и поле за работа во делот на иновациите, особено ако се знае дека со AI ни се случи четвртата индустриска револуција.
Ако земеме дека климатските промени и ризици преставуваат потенцијален проблем и закана, AI ( вештачката интелегенција) претставува еден сосема нов домен на решение преку кој што во делот на иновации може да се пресретнат повеќе барања, како глобално затоплување, здрава храна, регенеративна природа и рационално трошење на ресусрсите.
Не случајно прецизноста и брзината на вештачката интелигенција во решавање на ваков тип на глобални проблеми ја доведе Четвртата индустриска револуција до точка на пресврт, а производителите мора да изберат пат напред: да иновираат, да забрзуваат или да следат брзо.
Во поново време вештачката интелигенција, дигиталните технологии, одржливите карактеристики и повисоките вештини го обновија пазарот, и се вистинската причина за иновации и рангирање на државите според иновацискиот индекс.
Се поставува прашањето, каква е врската помеѓу AI ( Вешташката интелегенција) и како таа може да и помогне на природата и бизнисите како систем за рано предупредување и како можеме да ги подобриме бизнис резултатите со користење на моќта на AI во услови кога повеќе од половината од БДП е зависен директно од природата и стана важен фактор во делот на финансирањето од страна на финансиските институции кои навремено го сватија и интегрираа природните ризици кои се под најголема закана од климатските промени и екстремните временски настани во носењето на своите деловни одлуки.
Македонија со 0,48 бодови се најде на 77. место меѓу 174 земји во светот рангирани според индексот за подготвеност за вештачка интелигенција на Меѓународниот монетарен фонд. Во однос на земјите од регионот Адрија, Македонија го зазеде претпоследното место. Најподготвена за вештачка интелигенција е Словенија (0,63 бодови), а потоа следуваат Хрватска(0,58), Србија (0,54) и последна е БиХ (0,43 бодови).
За пресметка на индексот, ММФ ги зема предвид состојбата со дигиталната инфраструктура, човечкиот капитал, иновациите и економската интеграција, како и регулативата и етиката во доменот на вештачката интелигенција. За да дојдеме или пак да се приближиме нагоре на листата на иновативни држави ни се потребни системски реформи и законски решенија каде што ќе имаме зголемена стапка на издвојување од БДП за наука и развој, подобрени услови и инфраструктура за спроведување на научни проекти, мерки за олеснување и стимулирање на компаниите да навлезат со свои средства во делот на иновациите особено во услови кога се недостапни финсиските инструменти по други основи, академска размена и се повеќе научни институти кои во моментот се маргинализирани како од аспект на меѓународна соработка, така и од аспект на пристап до финансирање.
Анита Котеска
Национален партнер на EIT Climate KIC програмата
Глобалниот иновациски индекс (Global Innovation Tracker) е извештај кој го објавува глобалната организација World Intellectual Property Organization (WIPO) кој што извештај и рангирање им служи на светските иноватори и креатори да се осигураат дека нивните идеи патуваат безбедно на пазарот и го подобруваат животот насекаде. Индексот рангира 132 економии според нивните иновативни екосистеми, изграден на база на податоци од 81 индикатор од меѓународни јавни и приватни извори и ги идентификува 100-те најдобри светски кластери за наука и технологија.
1. Како е Македонија рангирана според Глобалниот иновациски индексво 2024 година?
Ние како државна институција, единствено се водиме според податоците од глобалното рангирање „Global Innovation Tracker”, кој покажува каква е моменталната состојба на иновациите во Македонија, колку брзо се прифаќа технологијата и кои се резултирачките општествени влијанија.
Според податоците од последниот извештај на Глобалниот иновациски индекс, во 2024 година Македонија е рангирана на 58-то место во рамките на 133 глобални економии, додека пак во европски рамки Македонија е рангирана на 32-то место помеѓу 39-те економии збирно. Минатата година бележиме пад од четири места, однодно од 54-та позиција во 2023 година, сега се наоѓаме на 58-та позиција. Овој „благ” пад морам да напоменам дека е резултат на вонредната ревизија и реформите кои ги превземаме во Фондот за иновации и технолошки развој, со цел да обезбедиме транспарентност и ефикасност во користењето на јавните средства.
Дополнително, согледано е дека Македонија иако издвојува многу мал процент од националниот буџет за наука, иновации и развој, резултатитесе уште полоши за последните четири години,особено кога се разгледува нивото на иновациите како краен резултат што се добиваат и од онака нискиот процент на средства кои што се издвојуваат од буџетот на Македонија.
2. Како да го предвижиме овој индекс нанапред и кои активности ги превзема Фондот за иновации и технолошки развој во оваа насока?
Најпрво сакам да потенцирам дека навистина ме радува фактот што домашните претприемачи стануваат сѐ повеќе свесни дека е неопходно постојано да се вложува во развој на нови технологии, за да станат конкурентни тука, но и на глобалниот пазар. За ова говорат и бројките од портфолиото на Фондот, според кои над 1.150 иновативни проекти се поддржани преку достапните инструменти за финансиска поддршка, со вкупен обем на заеднички инвестиции од 132 милиони евра, од кои 82 милиони евра се средства кофинансирани од Фондот, а 50 милиони евра се сопствена инвестиција на самите компании. Повеќе од 60% од поддржаните компании преку инструментите на ФИТР се ново-основани старт-ап компании со вкупен обем на инвестиции од 38 милиони евра.
Но, податоците од извештајот покажуваат дека се потребни реформи и итни мерки кои треба да ги превземеме за да го подобриме националното рангирање во делот на иновациите на посакуваното ниво во глобалната скала. Пред сѐ, потребно е интегрирање на повеќе институции, потоа промени во политиките за човечкиот капитал, опремување на лаборатории, подобрување на инвестициската политика и политиката на финансирање на иновациите, апсорпцијата и дифузија на знаење.
Годината ја започнавме со креирање на нови политики и стратегии кои ќе донесат реформа во македонскиот екосистем, ќе ги поттикнат иновациите и технолошкиот развој и кои ќе придонесат да се придвижи овој индекс нанапред. Започнавме со подготовка на новиот предлог Закон за иновациска дејност, кој што е компаративен модел на земјите во регионот, адаптиран на локалните предности и водечките гранки на економијата. Организиравме отворена дискусија со тимот на ФИТР, ги дефиниравме недостатоците во процесот на селекција и избор на иновативни проекти и дадовме значајни предлози кои ќе овозможат транспарентна и сигурна реализација на бизнис идеите на претприемачите. Со новиот предлог Закон за иновациска дејност, ќе овозможиме подобрување на конкурентноста заснована на знаење и иновации.
Во моментот нашиот иновациски еко-систем се соочува со недостаток на многу важни гранки кои што би го придвижиле иновацискиот индекс. Во моментот немаме био-технологии, немаме иновации особено важни во земјоделието каде што се очекува најголем напредок, и следствено, оваа година во нашиот фокус ќе бидат иновациите во зелената економија. Со финансии обезбедени од ЕУ, инструментот за претпристапна помош (ИПА), Фондот ќе воспостави оперативна структура (Greening Business Facility) за доделување финансиска поддршка за зазеленување на бизниси. Преку оваа оперативна структура, Фондот на јавни повици ќе доделува финансиска поддршка за зазеленување на мали и средни претпријатија на основа на претходно спроведена анализа на потреби на компании за нивните проекти/иницијативи, во области како што се: индустриски иновации и циркуларна економија, зелени згради, чисти енергетски ресурси и одржлива мобилност, одржливо користење на земјиштето и природата и подготвеност за примена на стандардите на внатрешниот пазар на ЕУ. Предност при доделување на поддршката ќе биде дадена на проекти од приоритетните области идентификувани со Стратегијата за паметна специјализација.
Позитивен чекор е одлуката на Европската комисија која ѝ додели на Република Македонија ознака за регионална долина на иновации, како доказ за нашата јасна посветеност на подобрување на координацијата и насоката на своите инвестиции и политики за истражување и развој во поддршка на главните општествени предизвици кои се од клучен интерес на ЕУ, како што се намалување на зависноста од фосилни горива, совладување на дигиталната трансформација (вклучувајќи ја и сајбер безбедноста), подобрување на здравствената заштита, промовирање на кружноста и зголемување на безбедноста на храната.
НИКОЛА ДОДОВ
в.д. директор на Фонд за иновации и технолошки развој
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

„Лесја Украинка“: Реторика на страв од Будимпешта: Како владата на Орбан ги шири наративите на Кремљ против Украина

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Д.К. ОД ШТИП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 7.441.290 ДЕНАРИ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 85,24 евра за мегават час, на МЕМО 82,14 евра за мегават час

„Вкусна средба со dmBio“: Слатки спомени и здрава инспирација за речиси 100 љубители на органската исхрана!

Еко Изложба во Рамстор мол - Пристигнува најзабавната Еко Изложба во градот “Цртај и Награди Добиј”

Samsung ја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќнаstick правосмукалка

Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“
