17 Април, 2025
0.0698

„Вкусна средба со dmBio“: Слатки спомени и здрава инспирација за речиси 100 љубители на органската исхрана!

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2025 11:00

Добивај вести на Viber

Синоќа во одлична атмосфера помина настанот наречен „Вкусна средба со dmBio“,кој во организација на dm се одржа во просториите на FJ Culinary School. Присутните на настанот дознаа нешто повеќе за органската храна и здравиот начин на исхрана, научија како можат да подготват вкусни рецепти со dmBio производи и добија можност да дегустираат неодоливи оброци подготвени од вештите раце на готвачите од FJ Culinary школата. 

Настанот започна со официјално обраќање на претставник од компанијата dm, кој искажа задоволство од бројот на луѓе кои се пријавиле да научат нешто повеќе за органската храна како еден од најпопуларните трендови во исхраната во последните години. 

По обраќањето следеше панел-дискусијата на тема „Органска храна: научи, прашај, примени!“ на која се зборуваше за новите сознанија околу органската храна, но и зошто нејзиното консумирање е важно за личното здравје, за природниот еко-систем и за животната средина. Таа беше под модераторство на познатата Маја Лазаревска, која стои зад профилот „Готвиме со Маја“,  а во улога на панелисти беа нутриционистите Антонио Велковски и Симона Коруновска, како и лекарот по општа медицина Бојан Трајковски.  

Голем дел од луѓето сè уште мислат дека органското е недостапно. Но dm со dmBio покажа дека органската храна може да биде и достапна, вкусна и лесна за подготовка”, истакна Симона Коруновска.

Антонио Велковски, истакна дека кога се купува органска храна треба да се внимаватаа да е сертифицирана, и да е наведено нејзиното потекло.

Професионалните готвачи од школата FJ Culinary не дозволија гостите да си заминат без да погледнат како се подготвуваат органски оброци со производите од dm марката dmBio, па веднаш по дискусијата се фатија се работа. Двајца од готвачите ги подготвуваа рецептите, додека третиот беше задолжен за презентирање на начинот на подготовка, состојките, но и придобивките кои произлегуваат од јадењето органска храна со проверен квалитет. 

Вечерта беше заокружена со неформално дружење со тимот од dm и FJ Culinary School, придружено со добра храна и пијалаци. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„КАМ“ повторно прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ повторно прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

Велигденска магија за најмладите во Дајмонд мол

Велигденска магија за најмладите во Дајмонд мол

Mozzart најпосакуван работодавач за 2024 година

Mozzart најпосакуван работодавач за 2024 година