19 Декември, 2025
0.0448

Глобалната продажба на злато лани паднала за 4%, продадени 4.405 тони златo

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2013 10:15

Добивај вести на Viber

Глобалната побарувачка на злато лани забележа пад, првпат по 2009 година. Според Светскиот совет за злато (ВГЦ) во 2012 година продажбата на злато опаднала за 4% во однос на 2011 година, на 4.405 тони. Намалувањето на продажбата, според ВГЦ е како последица на намалената продажба на накит во Азија и помалите инвестици во златници и златни шипки во Европа и САД Советот очекува потрошувачката на злато да биде стабилна во текот на оваа година, нагласувајќи дека ќе помине извесно време додека да се надминат последиците од финансиската криза. „Тешко е да се очекува оваа година да има голем раст на побарувачката. Побарувачката ќе остане висока, но зборуваме за мали едноцифрени бројки“, изјави директорот за инвестиции на ВГЦ, Маркус Граб. Граб очекува во 2013 година цената на златото да се движи меѓу 1.625 и 1.695 долари за унца, иако нагласува дека е можно одредени настани да влијаат на нејзин раст. Од почетокот на годината цената на златото се намали за 1,4%, со што продолжи тенденцијата од последниете три месеци од 2012, кога беше регистриран најголем квартален пад на вредноста на овој благороден метал од 2008 година.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела