Глобални компании стануваат помоќни и од цели држави
Објавено во: Економија 24 Март, 2016 19:13
Големите корпорации кои успешно спровеле интернационална експанзија на светскиот пазар стануваат „глобална сила”.
Од почетокот на 21 век во светот многу зајакнаа мултинационалните компании кои брзо се прошируваат, а не припаѓаат ниту на една земја. Овие компании обично го стационираат својот бизнис, фабрика и вработени на локации кои имаат ресурси кои им се потребни и слаба регулатива.
Често, тие го поставуваат менаџментот на една локација, финансиите на друга, администрацијата на трета и „хардверот” во сосема друга земја. Некои од најголемите американски компании како Мајкрософт имаат билиони долари на оф-шор сметки и во банки во Швајцарија, Луксембург , Сингапур и Кајманските Острови.
Некои експерти овие пари ги нарекуваат "приходи без државјанство".
Феноменот на мултинационалните компании произведува не само на големи количини на пари, туку полека станува и синоним за " глобална суперсила ". Голем број на експерти сметаат дека некои од меѓународните компаниите може лесно да ја преземат улогата на водечките светски сили како САД итн.
Иако изгледа неверојатно, треба да се забележи дека бруто домашниот производ на Apple го надминува нивото на БДП на две третини од земјите во светот.
Исто така, десетте најголеми банки на пример, сега контролираат околу 50 отсто од светот на парите .
Еве ја листата од првите 25 компании кои во моментов владеат на меѓународниот пазар
- Walmart - 486 милијарди долари годишен приход
- Exxonmobil - 269 милијарди долари годишен приход
- Royal Dutch Shell - 265 милијарди долари годишен приход
- Apple - 234 милијарди долари годишен приход
- Glencore - 221 милијарди долари годишен приход
- Samsung - 163 милијарди долари годишен приход
- Amazon - 107 милијарди долари годишен приход
- Microsoft – 95 милијарди долари годишен приход
- Nestle – 93 милијарди долари годишен приход
- Alphabet – 75 милијарди долари годишен приход
- UBER - 62.5 милијарди долари годишен приход
- Huawei – 60 милијарди долари годишен приход
- Vodafone – 60 милијарди долари годишен приход
- Anheuser-Busch Inbev – 47 милијарди долари годишен приход
- Maersk – 40 милијарди долари годишен приход
- Goldman Sachs – 34 милијарди долари годишен приход
- Halliburton – 31 милијарди долари годишен приход
- Accenture – 31 милијарди долари годишен приход
- Mc Donald's – 25 милијарди долари годишен приход
- Emirates – 24 милијарди долари годишен приход
- Facebook – 18 милијарди долари годишен приход
- Alibaba – 12 милијарди долари годишен приход
- Blackrock – 11 милијарди долари годишен приход
- Mc Kinsey & Company – 8 милијарди долари годишен приход
- Twitter - 2.2 милијарди долари годишен приход
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




