Глобално поевтинување на храната – цените ќе бидат стабилни
Објавено во: Економија 04 Август, 2016 16:52
Во глобални рамки минатиот месец цената на храната се намалила.
По пет месеци раст на цените на храната во светот, во јули се случи обратното и имаше поевтинување. Воедно, не се очекува во блиска иднина да дојде до поскапување.
Ова го соопшти главниот економист на Организацијата на ОН за храна (FAO) Абдолреза Абасијан.
Податоците на FAO покажуваат дека индексот за храна е намален минатиот месец со 0.8% до 161.9 поени. Во јануари индексот се симна под 150 поени, што беше 7-годишно дно. За мерењето се собираат податоци од житни и маслодајни култури, млечни производи, месо и шеќер. На годишна база цените на меѓународните пазари во јули биле со 1.4% помали споредбено со истиот период минатата година.
Се смета дека во следните 10 години цените на храната ќе бидат стабилни.
Главната причина за намалувањето на цените на храната е поради богатата реколта на жито. Во јули индексот на FAO за житни култури се намали за 5.6% и само кај оризот е регистрирано поскапување.
Следен сегмент е овој на растителните масла, со пад за 2.8%. Ова се случува главно поради петмесечното дно во цените на палмино масло.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




