28 Септември, 2024
0.0238

Колку ќе нè чини глобалното затоплување?

Објавено во: Анализа 27 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Зголемена смртност, поплави, пожари, пораст на температурите со 3,5 степени целзиусови до крајот на 2080 година - сето тоа се должи на глобалното затоплување и може ЕУ да ја чини над 190 милијарди евра, стои во истражувањето на Европската комисија. "Ако не бидат преземени дополнителни дејства против глобалното затоплување, ЕУ ќе изгуби 1,8 проценти од сегашен БДП", се наведува во документот, изготвен по нарачка на центарот за истражување на ЕК. Според ова сценарио, асоцирајќи предвидувања за периодот до 2070-2100 година, цената која ќе биде платена поради скок во смртноста поврзана со глобалното затоплување, ќе биде највисока - 120 милијарди евра. Следат штетата за крајбрежните зони, оценувани на 42 милијарди евра, и штетата за земјоделството, која се оценува на 18 милијарди евра. Не се зема во предвид штетата што ќе биде нанесена на екосистемите, кои не можат да бидат оценети со бројки, се нагласува во документот. Сметката ќе биде солена за јужниот дел на ЕУ (од јужна Франција, во Австрија, Чешка и до Грција). Овој дел од ЕУ ќе преземе 70% од загубите, меѓу кои ќе бидат пример пожарите кои ќе уништат 8.000 квадратни километри шума. Но не смее да се заборави домино ефектот, кој ќе влијае на сите земји членки, се наведува во документот. ЕК се обидува да ги натера 28-те земји членки да преземат обврска да ги намалат емисиите на стакленички гасови за 40% во споредба со нивоата од 1990 година и тоа да се случи до 2030 година "Ако ништо не направиме по прашањето, ќе ни излезе најскапо", предупреди европскиот комесар во областа на климата Кони Хедегор. К.К.