ГО ДЕМАНТИРА БОКИ 13: Вилма Русковска кажа каде завршила торбата „Луј Витон“
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2020 18:41
Имаме доказ дека торбата „Луј Витон“ од кај Камчев завршила во куќата на родителите на Боки 13, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска.
Таа по сведочењето на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, кажа дека најголем дел од исказот што денеска го даде Јовановски пред судот, не е вистина.
„Што се однесува до торбата за која тврдеше дека ја видел кога Милески ја земал и после два три дена кога Милески ја вратил, во анализата на неговиот телефон има слика, точно локација кајшто живеат родителите на Бојан Јовановски, точно време, торбата е внатре. Значи имаме и време локациски, кое нешто се совпаѓа со тоа дека од кај Камчев торбата завршува во куќата каде живеат родителите на Јовановски. Тој доказ беше презентиран и доставен пред Судот“, рече Русковска.
Бојан Јовановски на денешното рочиште за предметот „Рекет“ рече дека со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета за истиот случај, прв пат контактирал во септември 2018. Боки 13 рече дека синот на поранешната шефица на СЈО не бил вработен заради изнудување реклами од бизнисмени.
Судењето почна во декември лани. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. Пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.
фото МИА
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





