ГО КРШАТ ЗАКОНОТ НА САУДИЈСКА АРАБИЈА, АМА НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ ПРОБЛЕМИ - еве кој е „гревот“ на Роналдо и Георгина
Објавено во: Спорт 05 Јануари, 2023 09:31
Шпанскиот медиум „Спорт“ го потенцираше кршењето на законот на Саудиска Арабија кое го прават Роналдо и Георгина.
Тие официјално не се венчани, не се во брак, туку едноставно живеат како партнери. Законот во Саудиска Арабија вели дека маж и жена не смеат да живеат под ист покрив доколку не се венчани.
„Спорт“ во својата статија консултираше двајца адвокати кои велат дека во последно време нивната земја замижува за ваквите случаи и законот нема да биде почитуван.
„Иако законот се уште не дозволува живеење заедно на маш и жена без тие да бидат во брак, властите почнаа да замижуваат на тоа. Се разбира дека овој член на законот се уште е активен и се користи доколку се јави некој проблем“, вели едниот адвокат.
Слично е мислењето и на вториот адвокат од Саудиска Арабија кој беше контактиран од каталонскиот медиум.
„Саудијските власти денес не интервенираат за тој дел од законот кога станува збор за странски државјани, но законот продолжува да забранува живеење на маш и жена под ист покрив доколку не се венчани“.
Влијанието на Кристијано Роналдо е огромно, па не се исклучува можноста неговото присуство во Саудиска Арабија индиректно постепено да влијае и на олабавување на дел од строгите закони во оваа земја.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





