19 Декември, 2025
0.0381

„ГО МЕНУВАВМЕ ТЕКСТОТ 12 ПАТИ, СРЕЌА ШТО СОСТАНОКОТ ТРАЕШЕ 12 ЧАСА“: Вучиќ кажа зошто не потпишал ништо

Објавено во: Балкан 19 Март, 2023 12:44

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска се обрати до јавноста по вчерашниот состанок со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид, на којшто не беше потпишан договор, а притоа образложи зошто ништо не потпишал.

-Имам неподносливи болки во десната рака, а само со десната се потпишувам, ќе ме боли уште четири години... Секако ова беше шега... објаснив зошто не потпишувам... се однесувам одговорно и сериозно и знам што потпишувам, а навикнат сум да го правам тоа 16 часа, ги стекнав тие работни навики... Мислам дека направивме добри работи за Србија и за регионот и сега да почнеме да работиме што посилно и што посилно, одговарајќи на прашањето зошто синоќа не сакал ништо да потпише“.

Вучиќ рече дека е важно да се биде на европскиот пат, притоа да се чуваат државните и националните интереси.

- Го сменивме текстот на договорот, за среќа преговорите траеја 12 часа и тука имам предност пред другите бидејќи сум поиздржлив. Колку подолго трае, толку ми станува подобра концентрацијата... Проблемот е кога трае 2-3 часа. Важно е да се почне сега, тоа е српскиот менаџерски тим, тие ќе треба да го изнесат својот предлог на највисоко ниво на дијалог, ќе одиме со него, ќе видиме како ќе се одвива се. За нас нема дополнителни обврски. За нас е многу поважно да создадеме амбиент во кој Србите во Република Косово ќе бидат безбедни, нашиот народ ќе има мир каде и да живее, да ја зачуваме државата и да го почитуваме Уставот на Србија. Само за вчера би можел да напишам 300 страници, не велам дека мојот говор е концизен или добро срочен, но би можел да напишам толку многу страници. Имаме многу време да размислиме што сакаме со себе и во регионот и да работиме на забрзан напредок на нашата економија. Сега знаеме дека нашиот европски пат ќе зависи од тоа што ќе правиме и во ова прашање. Мислам дека нема да го завршиме за 3-4 години. Јас сум претседателот кој мора да се грижи за државата и нејзините интереси. Бидејќи ја имам целата слика, добро разбирам што е тоа што треба да направиме, мислам дека е важно да бидеме на европскиот пат.

Тој додаде дека во наредните денови ќе ги повика сите на консултации.

ФОТО: PRINT SCREEN/VIDEO PLUS

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен