30 Март, 2025
0.1612

„ГО ПРАШАВ ЗОШТО ГО НАПРАВИ ТОА, ТОЈ САМО ГИ КРЕНА РАМЕНИЦИТЕ“: Продолжува судењето за убиството на Панче и Вања

Објавено во: Македонија 26 Март, 2025 12:33

Добивај вести на Viber

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи рочиштето против петтемина обвинети за убиството на велешанецот Панче Жежовски и малата Вања Ѓорческа. Во текот на денешното рочиште продолжи испрашувањето на еден од обвинетите, Боре Видевски, кој како и на последното рочиште и денеска ги негираше исказите дадени во обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. 

На судењето во Основниот кривичен суд во Скопје тој денеска одговараше на прашања на првообвинетиот Палевски и на судечкиот совет. Претходно, обвинителките ги прочитаа неговите искази дадени во текот на истрагата во декември 2023 година во кои во едниот Видевски ги признава злосторствата, а за кои на минатото рочиште и денеска посочи дека ги кажал под тортура.

Откако обвинителите го прочитаа исказот на Видевски кој во целост се разликува од тоа што тој го кажа во судница, денес повторно објасни дека на критичниот ден бил на работа во Велес, но за неговото присуство на работно место нема регистрација. 

- Не ми е познат Жежовски, никогаш не сум го видел иако знам кој е. Изјавата што претходно ја дадов не е реална бидејќи ми беше страв. Воопшто не пристуствував на настанот за кој ме теретат. Никогаш не сум се возел во неговиот Цитроен бидејќи како можам да се возам кога не го познавам - потсети на исказот на Видевски обвинителката Стојковиќ.  

На рочиштето обвинителката Јосифовска читаше дел од исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството, во кој детално објаснува како бил киднапиран Жежовски и како Палевски, познат како Палчо, го убил.

Во однос на убиството на Вања, Видевски во обвинителството сведочел дека Палевски добил информации од таткото на девојчето за тоа во кое време ќе излезе од дома.

- Кога стигнавме на местото, почнавме да ја одврзуваме Вања. Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме, се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби, кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: ‘Да помине малку време, ќе бараме’ - стои во сведочењето што го прочита обвинителката.

Овој исказ претставува клучен доказ во судскиот процес, кој продолжува со изведување на нови докази и сослушување на сведоци.

Денеска обвинетиот Видевски одговараше и на прашања на Палевски при што ги негираше сите наводи изнесени пред обвинителството. На прашањето дали некој полицаец или обвинител го прашал за поседување оружје, тој одговори: „Мислам дека не, поточно, сигурен сум дека не ме праша.“

Во врска со фотографијата од Панче Жежовски, која според обвинителството му била испратена од Велибор Манев, Видевски изјави: „Кој било може да ми прати слика по грешка што нема врска со мене, така што игнорирам многу работи така.“ 

Видевски, исто така, нагласи дека сликата никогаш не му била покажана, ниту спомната од страна на обвинителството.

Во продолжение од расправата, судијата Ивица Стефановски го прашуваше во врска со снимките од домот на Велибор Манев на кои се гледаат радио станици, за кои Видевски изјави дека прв пат ги гледа.

- Прв пат ги видов и мислам дека беа за проба донесени, да видиме дали работат - рече тој.

На прашањето дека на снимките се гледа дека на одреден датум обвинетиот доаѓа кај Велибор Манев со својата Шкода, односно за причината за таа средба, тој одговори дека не ја знае причината. 

- Не сум сигурен воопшто за саатницата, мислам дека не е во раните утрински часови, туку е навечер, причината поради која се случува не знам ни сам, мислам дека ми се јави да дојдам и ми рече да се спуштиме по патот и ми ги даде ракавиците, без да размислам ги ставив и продолживме надолу по улицата, но, се вративме брзо, за десетина минути бидејќи не видов никаква цел каде што треба да се оди, ми беше глупо и се вративме - рече тој.

Во однос на оружјето, Видевски одговори дека не е љубител на оружје и дека го купил од помодарство и не знае кога го дислоцирал од својот дом.

- Не се сеќавам каде го имам дислоцирано. Не сум љубител на оружје, купено е од помодарство пред 20-30 години бидејќи имаше прилика да се набави дозвола. Не можам да ви наведам посебна причина зошто сум го изнел од дома - рече тој.

Видевски беше прашан дали некогаш имал закани од Палевски, на што одговари негативно.

- Никогаш - рече тој.

Претходно за овој случај беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој детално ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче за кои посочи дека координатор и оној што ги извршил убиствата е Љупчо Палевски.

Преостанува да бидат сослушани и обвинетите Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Судењето продолжува на 2 април 2025 година.

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

ПРИМИ ВИТАМИНСКА ИНФУЗИЈА ПРЕД ОПЕРАТА „ТРАВИЈАТА“: Тенорот Благој Нацески има вирусно заболување

ПРИМИ ВИТАМИНСКА ИНФУЗИЈА ПРЕД ОПЕРАТА „ТРАВИЈАТА“: Тенорот Благој Нацески има вирусно заболување

„СО МОМЧИЊАТА“ - БУЈАР ОСМАНИ СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА: Во семејна атмосфера пред големиот празник Рамазан Бајрам

„СО МОМЧИЊАТА“ - БУЈАР ОСМАНИ СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА: Во семејна атмосфера пред големиот празник Рамазан Бајрам

ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА КВАЛИТЕТНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ: Комората за вештаци организира обука

ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА КВАЛИТЕТНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ: Комората за вештаци организира обука

„ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ТИЕ СЀ УШТЕ СЕ ИНТУБИРАНИ“: Денеска се враќаат пациенти од Литванија и од Шведска

„ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ВЛОШЕНА СОСТОЈБА, ТИЕ СЀ УШТЕ СЕ ИНТУБИРАНИ“: Денеска се враќаат пациенти од Литванија и од Шведска

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

СКАНДАЛОЗНО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАШТИТАТ ДЕТЕТО ОД АВТОМОБИЛ ШТО СЕ ДВИЖИ ПО ПЕШАЧКА ПАТЕКА: Сѐ е по старо

РОДНИНА НА ПРАТЕНИЧКАТА БИСЕРА ЗЛАТЕСКА Е НАЗНАЧЕН ЗА КОМАНДИР: Левица обвинува за најновиот скандал кој доаѓа од МВР

РОДНИНА НА ПРАТЕНИЧКАТА БИСЕРА ЗЛАТЕСКА Е НАЗНАЧЕН ЗА КОМАНДИР: Левица обвинува за најновиот скандал кој доаѓа од МВР

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред

НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села

НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села