„ГО САКАМ ГТЦ ПОВЕЌЕ ОД БИЛО КОГА”: Нов обид на архитектите да го спасат ГТЦ од барокот
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2014 10:25
- Борбата за ГТЦ е симбол на борбата на се она што му се случи на Скопје, единствено тој ни остана. А единствена шанса е нарачателот конечно да го слишне гласот на архитектите и граѓаните и да го реновира ГТЦ, но да ја задржи функцијата и архитектонското обликување на објектот. ААМ го моли нарачателот за разбирање, соработка и дијалог. Покрај сите активности на ААМ одржаниот протест, потпишување петиција за заштита на ГТЦ, барање до КОАИ за поведување дисциплинска постапка за одземање овластувања на авторите на новиот проектот за ГТЦ врз основ на Статутот и Кодексот на Комората , изготвувањето на Основниот проект за измена на ГТЦ и намерата да се претвори ГТЦ во соема друг објект продолжува.ААМ испрати дописи до трите архитектонски факултети Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Американ колеџ, Тетовскиот универзитет, допис до КОАИ каде над 50% од членовите се архитекти – Одделениоето за архитектура да учествуваат на овој прес и јавно да изнесат својот став за ГТЦ. Одговор не добивме од никого. Единствен одговор е молк, вели за Фактор, претседателката на ААМ, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ.Неодамна директорот на ГТЦ Аго Абазовски изјави дека основниот проект е при крај и дека наското ќе се распише тендер за избор на изведувач. Изведбениот проект се подготвува врз основа идејното решение на на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Според плановите реконструкцијата треба да почне летово. Според идејното решение на авторите, фасадата која гледа кон Собранието ќе биде неокласицистички стил со десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со неколку скулптури. И другите страни ќе добијат соодветни украси со брознзени или елементи со златно-жолта боја. Сегашниот објек ГТЦ е изграден според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година ја добил наградата за проектот, а ГТЦ е изграден во 1971 година. На почетокот на годинава кога се изгласаа измените на Законот за гардење, архитектите испратија барање до Комората на овластени архитекти, да се вклучи и интервенира во предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за градење.Со предлог законот во член 4 се предвидува советот на општините и советот на град Скопје со одлука да го утврдат изгледот на фасадите на објектите кои се во употреба и кои се наоѓаат во централното градско подрачје, доколку сметаат дека истите се од значење за општината или главниот град. На ланската петиција се потпишаа 4.000 граѓани Архитектите од ААМ беа првите кои го кренаа гласот против менувањето на фасадата на ГТЦ во барок. Лани неколку месеци преку кампањата “Го сакам ГТЦ”, покажаа зошто не треба да се менува ликот на овој култен објект. Организираа повеќе активности, од говори на познати архитекти до симболично гушкање на ГТЦ во вид на жив штит, на кое присуствува голем број граѓани, интелектуалци и архитекти. Илјадници граѓани застанаа во одбрана на ГТЦ и му кажаа НЕ на барокот. На петицијата за зачувување на афтентичниот изглед на ГТЦ се потпшиаа над 4.000 граѓани. Градоначалникот Жерновски неколку пати изјави дека нема да издаде градежна дозвола за доградување и менување на фасадата на ГТЦ, но од раководтвото на ГТЦ се уверени дека ќе ги добијат сите дозволи. Минатата година Советот на општина Центар не ги изгласа измените на Деталните урбанистички планови во општината, меѓу кои беше и ДУП-от Мал Ринг. На овој начин Жерновски најави дека нема да се дозволи промена на фасадниот изглед. Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





