ГО УБИЛА СОПРУГОТ НА СПИЕЊЕ, КРВАВИОТ ПИР ГО ПРОДОЛЖИЛА СО МОТОРНА ПИЛА – хорор во Зрењанин
Објавено во: Балкан 11 Мај, 2022
Полицијата во Зрењанин ја привела Т.П. (46) од Зрењанин, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство.
Таа се терети дека во текот на ноќта со нож го убила својот 42-годишен сопруг. На Т.П и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во Вишото јавно обвинителство Зрењанин.
Како што пренесе српски „Курир“, во улицата Душка Трифуновиќ жената го избодела сопругот додека спиел, а крвавиот пир го продолжила со моторна пила.
Телото е пренесено во Нови Сад на обдукција.
Од друга страна, српски „Информер“ дополнува дека сопругата најпрво го заспала својот невенчан сопруг Срѓан, а потоа го избодела со нож. За да го прикрие злосторството, со моторна пила му го отсекла телото.
Припадници на МВР влегле во просториите на семејната куќа каде се случил масакрот, а на шпоретот пронашле тенџере во кое се вареле делови од телото на жртвата.
Како што дознава „Информер“, убиениот имал психички проблеми, а чести биле и расправиите во куќата.
Тие објавуаат дека, согласно информации од терен, во текот на ноќта било приведено уште едно лице, и дека постојат сомнежи дека на делото присуствувал син.