18 Декември, 2025
0.0573

Гоце Трајчев: Започна одредено намалување на цените на месото, но голем број компании не добија договори од ЕСМ

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022 11:18

Добивај вести на Viber

Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, денеска пред медиумите објави дека не може да се очекува значајно поевтинување во оваа индустрија, затоа што голем дек од компаниите се одбиени од ЕСМ за одбиени за субвенционирана електрична енергија, а на добар дел од нив договорите се уште не им се доставени.

- Мерката очекувавме дека е јасна и определена, сите компании очекуваа дека целата работа е завршена со поднесување на документацијата. Вчера и завчера дел од нив биле одбиени без објаснување за причините, а заедничко за сите нив е што имаат фотонапонски панели, а се работи за десетина компании, изјави Трајчев.

Од комората велат дека проблемот е системски, односно дека поради законската регулатива, ЕСМ не може да им испорача електрична енергија на некои компании, како што беше предвидено, од 80 евра за мегаватчас. Од таму очекуваат проблемот да биде надминат наскоро.

Трајчев, како одговор на новинарско прашање, проценува дека од денеска се намалени цените на 50-тина производи од оваа индустриска дејност.

- Од денеска имаме намалување во просек за 5 отсто, пред се кај домашното свежо свинско месо, но сега се усложнија работите и не знаеме до кога тоа ќе трае. Во иднина намалувањето на пилешкото ќе биде и над 5 отсто поевтино, но телешкото засега не, одговори Трајчев.

Тој додаде дека компаниите не може да направат брзи проценки за намалувањето на цените затоа што се уште не се добиени договорите од ЕСМ. Поевтинувањето датумски ќе зависи од тоа за каков тип на процес на производство се работи.

ЕСМ претходно објави дека компаниите ќе ги добијат договорите во наредниот период.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа