02 Декември, 2024
0.0465

Годинава се очекуваат повисоки откупни цени и откуп на целото грозје

Објавено во: Агробизнис 20 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во ек на бербата на дел од сортите на винското грозје, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го одржа редовниот состанок со винарските визби и лозарите, на кој што беше презентирана моменталната состојба со бербата на дел од винските сорти и откупните цени.

Ова е дел од серијата редовни средби кои започнаа да се одржуваат уште неколку месеци пред почетокот на бербата на грозјето, а се со цел да има непречен откуп.

Министерот Николовски посочи дека Владата е силно фокусирана на развој на оваа извозно ориентирана гранка, и дека ваквите редовни средби ќе продолжат и во иднина, со цел да се создаде цврст партнерски однос помеѓу лозарите и винарските визби во интерес на оваа гранка.

На состанокот лозарите побараа годинава грозјето да се откупува по повисока цена. Претставниците на винарските визби посочија дека оваа година немаат залихи, и се очекуваат повисоки откупните цени за грозјето поради зголемената глобална побарувачка, и  откупи целиот род.

Инаку, оваа година се очекува вкупното производство на грозје да биде околу 250 илјади тони.

Откупеното грозје од реколтата 2017-та од страна на винарските визби е целосно исплатено, односно по овој основ винарските визби исплатија 755 милиони денари. Просечната откупна цена на винското грозје во 2017 година е 13,67 денари за килограм, што претставува зголемување од 11,5 отсто во споредба со 2016 година кога била 12,27 денари за килограм. Ова е највисоката просечна откупна цена во последните шест години.Според проценките на МЗШВ и на винарските визби оваа година се очекува да биде поволна од аспект на извозот и вредност на извозот, ако се има во предвид дека заклучно со април годинава вкупниот извоз на вино од Македонија бележи пораст од 8 отсто по количина и 11 отсто по вредност, додека просечната цена по единица мерка бележи пораст од 3 отсто, споредено со истиот временски преиод во 2016 година.

МЗШВ интензивно работи на развој на оваа извозно оринетирана гранка. Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 20 отсто се  повисоки субвенциите за одржување на лозови насади за они кои имаат од 1 до 10 хектари, односно за лозарите со развоен потенцијал, или  наместо 44.000 ќе добијат 48.000 денари по хектар. Исто така се воведе нова дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади, за промена на сортимент, што е важно за следење на светските трендови и за зголемување на конкурентноста.

Субвенциите за лозарството од Програмата за финансиска поддршка за 2017 година со која за 10 отсто беше зголемена основната субвенција, се во целост исплатени навреме пред почетокот на новата производствена сезона. Односно за одржување на лозови насади  се исплатени над 745 милиони денари и за дополнителните субвенции од 2 денари за предадено грозје односно над 134 милиони денари.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.