Годишен хороскоп за 2019: Новата година за некој ќе донесе многу пари, за некој разочараувања
Објавено во: Општо 24 Декември, 2018
Вага – нова љубов, сјајно здравје
Кај Вагите, стабилнсота и рамнотежата се многу важни. Годишниот хороскоп за 2019, покажува дека ова ќе биде голема година која носи убави работи. Тоа ќе ги инспирира Вагите да продолжат силно понатаму и да испробуваат нови работи.
Почетокот на годината носи некои мали ситни проблеми и предизвици во однос на кариерата, но ќе успеете да го надминете тоа. Една лоша одлука во однос на финансиите може да ви донесе проблем и немир на работа. Но, не паничете. Користете ја својата способност да ги решите проблемите.
Сигурно ќе се појави личност која ќе се труди да го добие вашето внимание. Тоа ќе донесе убава романса. Сепак, треба да ја контролирате потребата да се однесувате како да ја поседувате таа личност. Успорете малку и уживајте во љубовта.
Во здравјето потрудете се да постигнете баланс. Немате здравствени проблеми, но ќе ви биде потребно време да ги зачувате силата и енергијата.
Шкорпија – баланс на сите полиња
Годишниот хороскоп за Шкорпиите покажува дека оваа година носи баланс на сите полиња. Ќе бидете успешни на полето на работата, а продуктивноста ќе биде подобра од било кога. Време е да ги преиспитате полињата на кои не напредувате и да ризикувате работите да ги направите да тргнат на подобро. Ќе бидете многу креативни во текот на оваа година, така што ќе ви биде потребна храброст да ги кажете гласно своите идеи.
Страста и љубовта никогаш не се проблем за вас, бидејќи секогаш што и да посакате тоа и добивате. Сепак, карактеристиката која некогаш ви недостига е напорот да се поврзете и дружите со другите луѓе, а во 2019 таа опција ќе биде широко отворена за вас. Пренесете малку од убавата креативна енергија која ја имате на меѓучовечките односи и ќе бидете позитивно изненадени од тоа колку добро ќе ви биде со луѓето.
Ако не сте во врска, бидете трпеливи бидејќи ќе запознаете посебна личност која ќе ви го освои срцето.
Во однос на здравјето, нема да имате посебни здравствени проблеми но постојано ќе се чувствувате исцрпени и затоа треба да се грижите за своето здравје.
Стрелец – морате да почнете да мислите на себеси
Годишниот хороскоп за Стрелците покажува падови и успеси. Во 2018 ви беше важно да напредувате во поглед на кариерата и финансискиот статус, но во 2019 година ќе биде поинаку.
Ќе се трудите да дознаете кои луѓе не се во „вашиот табор“ и така ќе навлезете во конфликти со повеќе колеги и блиски пријатели. Сепак, не е лоша идеја да дознаете на кого можете да сметате. Кај одредени пријатели, ќе се јави љубомора бидејќи ќе се чувствуваат загрозено од вас. Не донесувајте важни одлуки во однос на тоа, само бидете внимателни.
Крајот на годината носи посебна личност во вашиот живот.
Здравствената состојба е значително подобра оваа година. Но, ќе морате да се потрудите да го подобрите здравјето кое ве мачеше оваа година и да јадете поздраво.Бидете истрајни во тоа да вежбате барем 30 минути во текот на денот и да спиете доволно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.