Годишен хороскоп за 2019: Новата година за некој ќе донесе многу пари, за некој разочараувања
Објавено во: Општо 24 Декември, 2018
Јарец – време е да го преиспитате стилот на живеење
Вообичаено, луѓето ќе ве надгледуваат и прашуваат како постигнувате се. Не дозволувајте тоа да влијае на вашиот напредок. Добра вест е дека останатите ќе бидат расположени да ви помогнат и да ги споделат своите тајни на успехот. Само бидете внимателни кому и како верувате.
Почетокот на годината ќе направи да бидете позатворени од вообичаено, дури и мрзеливи. Луѓето ќе бидат зачудени од вашиот краток фитил или недостаток на желба за излегувања или прослави.
Оваа година треба да се фокусирате на ревитализација на аспектите кои ви се важни. До есен веќе ќе научите како да воспоставите рамнотежа во животот. Совладувањето на внатрешните стравови ќе ве направи способни и во други области на живеење.
Ќе морате да водите поголема сметка за вашето здравје, а психички и да се борите со влијанието на Сатурн.
Водолија – време е да ги совладате внатрешните стравови
Оваа година ќе почнете да ги собирате плодовите од изминатиот труд. Можеби нема да доживеете спектактуларен финансиски успех, но сигурно ќе напредувате. Ако некој проект не наиде на поддршка, тоа само ќе ве поттикне да излезете со нови идеи и да бидете подобри од претходно. Најдобро е да ги започнете новите проекти на крајот на пролетта.
Потрудете се да ги оставите долговите позади себе, како и потешкотиите и проблемите кои ги имате за да направите место за иднината.
Оваа година е година на промени, која ќе донесе многу животни лекции. Во однос на љубовта нема веќе да сакате да сте толку независни, туку да оставите простор некој да ви се приближи и да ви покаже колку романтиката е значаен дел од животот. До есен веќе ќе го отворите целосно своето срце и ќе се ослободите од внатрешните стравови.
На здравото тело му е потребен смирен ум. Затоа, ќе треба да се потрудите да се одморате добро за да функционирате подобро. Продолжете да работите на внатрешниот мир и спокојство и да го тргнете стресот далеку од себе.
Риби –работите ќе одат онака како што сакате
2019 носи голем успех кога станува збор за меѓучовечките односи и финансиите. Кариерата, парите и желбата да учите и развивате своите способности ќе го одбележат првиот дел од годината, но и напорната работа.
Но, тоа е во ред бидејќи вие не се плашите од напорната работа. Добра вест е тоа дека ќе ги надминете сите потешкотии и тоа ќе ве направи посилни и подобри. Финансиите ќе се подобрат и ќе се чувствувате попродуктивно, но и посмирено.
Во однос на семејството и пријателите, се е во ред. Ќе имате удобност и блискост, но ќе морате да вложувате повеќе труд во пријателствата и односите со другите. Ако сте во врска, во јули таа ќе наиде на потешкотии и тоа ќе биде добар момент да сфатите дали сакате да сте со таа личност.
Во однос на здравјето, водете сметка за здравиот начин на живот и редовното вежбање. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате здрави, среќни и витални.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.