Годишната „винетка“ во Бугарија ќе поскапи до 100 лева, колку чини во другите земји?
Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2015 12:36
Предвидено е бугарските винетки да поскапат, но веројатно нивната цена ќе биде до 100 лева пренесуваат бугарски медиуми повикувајќи се на министерот за финансии, Владислав Горанов .
Според него дебата за цената на винетки треба да има и ќе има. "Таа не е зголемена од 2008 година и сигурно би било добро да се зголеми, изјавил министерот."
"Се согласувам дека со 67 лева винетки да сакате да имате автопати, 30 000 км меѓународна патна мрежа и таа да се одржува, тоа е нереално. При низок даночен товар треба да свикнеме дека ќе има се повеќе плаќања според потрошувачката ", изјавил Горанов.
Постојат два основни начини за преминувањето на јавните патишта - со плаќањето такса на патарина , односно плаќање само при преминување на автопатот или со винетка. Во Романија годишната винетка е 55 лева а во Бугарија во моментов таа е 67 лева.
Во Австрија, која е значително побогата од Бугарија, работите изгледаат различно. Винетките таму се на цена од 165 лева. Но во исто време земјата има над 2 пати повеќе километри автопат - 1720 километри, додека во Бугарија има 760 километри автопат. Просечната нето плата во Австрија пак е 4536 лева.
Во Унгарија се плаќа само за магистрали и за дел од првокласните патишта. Годишната винетка таму е 267 лева. Автопатите пак се околу 1400 километри и со совршен квалитет. Просечната нето плата во земјата е над 1.000 лева. Во Унгарија има и регионални винетки.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




