26 Ноември, 2024
0.0339

Голдман Сакс: Глобалната економија е пред незапаметена експанзија

Објавено во: Свет 11 Март, 2013

Добивај вести на Viber

И покрај проблемите во Европа, глобалната економија може да расте со над 4% годишно до крајот на деценијата, благодарение на земјите во развој, прогнозира Голдман Сакс. Ако живеете во Европа, САД или Јапонија, може да не поверувате дека е можно до 2020 година глобалната економија да претрпи голема експанзија отколку во трите претходни децении. Голдман Сакс прогнозира дека во периодот 2011 година - 2020 година глобалниот бруто домашен производ (БДП) ќе се зголеми во просек со по 4,1% годишно. Во последните три децении овој раст никогаш не надмина 3,5%. Различно сепак во случајов е неговото потекло. Многу од главните пазари во развој во светот станаа клучни економски мотори. Во 2011 година зголемувањето на вкупниот БДП на Бразил, Русија, Индија и Кина (земјите од групата БРИК) бил еднаков на БДП на италијанската економија. Повеќето луѓе се уште го потценуваат степенот на раст на Кина и брзината со која земјата се развива ", вели Џим О'Нил, економистот на Голдман Сакс. "Кинескиот БДП веќе достигна 8,2 трилиони долари, или половина од оној на САД“ вели О'Нил и додава дека растот на кинеската економија од 8% е еквивалентно на растот од 4% во САД "Кина го создава растот на Грција за 12 и пол недели, а од 2010 година создадена една цела Индија", истакнува О'Нил. Брзината на оваа економска трансформација е зачудувачки за многу Европејци, кои се уште се во замката на финансиската криза. Аналитичарите признаваат дека економската стагнација и политичката криза во Италија и некои други земји брзо го поткопуваат животниот стандард и влијанието на Стариот континент, како во економски, така и политички аспект. „Голем број азиски економии се загрижени дека ситуацијата во Европа може да доведе до нов циклус на неизвесност за глобалната економија поради актуелната рецесија во неколку европски земји, политичката нестабилност во Италија и шпекулациите дека Велика Британија може да ја напушти Европската унија (ЕУ)“, коментира Чан Јун Ре, главен економист на Азиската банка за развој (АБР). Корејскиот економист истакнува дека еврозоната мора да ги заврши започнатите реформи не само заради сопствениот интерес, туку и поради глобалната економија во целина. "Изградбата на институциите не е завршена. Ако Европа запре сега, глобалните последици ќе бидат сериозни ", додава тој.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што пишува Меркел во нејзините Мемоари?

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

„ТРАМП И ПУТИН - СУЕТНИ ДЕЦА, СЕ ОБИДОА ДА МЕ ПОНИЖАТ“: Ова се 8 клучни работи што ги научивме од мемоарите на Ангела Меркел

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

„РУСИЈА ИСПРАТИ НУКЛЕАРНА ПОРАКА“: Ова може да го доведе светот до катастрофа, сеизмичка ескалација помеѓу Путин и Бајден

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин