Голем број здравствени работници му откажаа на ДИК за спроведувањето на изборите во понеделник
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Државната изборна комисија ќе го менува списокот на посебниот избирачки одбор од 300-тини медицински лица кој требаше да го спроведе гласањето кај позитивните од Ковид-19 и кај оние кои се во самоизолација во понеделник.
Од ДИК велат дека тоа ќе се направи затоа што дури 100-тина доктори и друг медицински персонал испратиле барање до комисијата да бидат изземени од одборот, а на 80 од нив истите им биле прифатени.
- Поднеле медицинска документација дека не се во можност, или дека повеќе не се во работен однос, односно се во пензија. Некои се во странство, а некои не можат да се најдат, истакна денеска претставникот на ДИК.
Од таму велат дека медицинските лица се повикуваат во одборот по случаен избор, но дека постојано се поднесуваат барања од нив да бидат изземени.
До сега има само 137 пријавени за гласање лица кои се во самоизолација и заболени од коронавирусот.
На недефинираниот список на ДИК од 289 здравствени работници, главно се вработени од општите и клиничките болници, здравствените домови и центрите за јавно здравје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.