Голем годишен хороскоп за 2019: Лавот ќе ужива во резултатите, успех за стрелците
Објавено во: Општо 12 Декември, 2018
РАК
Ве очекува година со повеќе предизвици од претходната. Сепак, многу можности за раст и среќа доаѓаат на почетокот на годината.
Почетокот на годината носи тензија и период кој ќе ја стави на тест вашата врска или пак блиско пријателство со одредена личност. Ќе се чувствувате тажни и сензитивни, со тензијата која ќе биде присутна во домот и семејството. Затоа, ќе биде важно да направите одредени компромиси за да ја одржите хармонијата во вашиот живот. Сето ова ќе трае до крајот на август.
Најдобриот период од годината за вас ќе биде времето меѓу 20 февруари и 20 јули, кога ве очекува зголемена среќа. Ќе ви бидат понудени многу можности особено на полето на кариерата. Постои можност и за далеќно патување или пак студии кои ќе ги прошират вашите хоризонти.
Во текот на март ќе чувствувате силна посветеност на работата, но и желба да успеете. Во овој месец е можен голем успех.
Во периодот меѓу 17 јули и 11 септември ќе се јави голема среќа и задоволство од вашиот живот. Ќе бидете среќни и исполнети и на тој начин ќе привлекувате интересни луѓе околу себе.
Потежок период ве очекува во октомври и декември кога ќе се соочите со многу стрес, но најважно е да не ја трошите енергијата и својот талент на неважни работи.
ЛАВ
2018 за вас беше година на стекнување сигурност, додека оваа година е период кога ќе ги уживате плодовите од својата работа. Ви следи период на опуштање и хармонија. Одредено изненадување кое ќе се случи подоцна во годината ќе биде вашиот настан на годината.
Оваа година ве очекува позитивна хармонија и во професионалниот и љубовниот живот, но и зголемена емоционална чувствителност.
Во периодот меѓу 17 април и 13 мај ќе бидат зголемени вашите страсти и вашата желба за љубов, така што можна е романса која можеби ќе вклучи лица што веќе ги знаете или пак стари љубови.
Од 7 до 22 мај избегнувајте донесување на важни и големи одлуки. Тоа е така бидејќи влијанието на Меркур во овој период ќе влијае негативно на вашиот суд, намалувајќи ги вашите способности за рационално донесување одлуки.
Од 7 септември до 27 октомври ве очекува среќа и оптимизам, но и период кога многу лесно ќе ги добивате нештата кои ќе ги посакувате. Ве очекува и голема виталност на вашето здравје, но и емоционален баланс.
2019 ќе биде совршена година за купување имот или пак реновирање на вашиот дом.
ДЕВИЦА
Оваа година носи помалку настани за вас, но тоа е добро бидејќи 2018 беше навистина депресивна година за вас. Иако не ве очекува премногу, сепак можете да очекувате силна и продуктивна година, со најголемиот успех кој доаѓа околу вашиот роденден.
Оваа година ќе научите многу за себеси, и тоа нешто што се криело во вашата потсвесност. Со оглед на вашата природа, нормално е да се чувствувате несигурно и изложено пред другите, а на моменти ќе се чувствувате како да сте поразени и предадени од другите. Затоа, важно е да ја сочувате својата самодоверба.
Среќен период за вас ќе биде периодот меѓу 20 февруари и 20 јули кога ќе се чувствувате добро и ќе добиете повеќе можности за зголемување на заработката. Постои можност и за подалечно патување, дополнително образование или пак нова врска.
Големи предизвици ве очекуваат во периодот од 17 април до 30 мај, кога ќе се соочите со тензија и фрустрација која ќе ви одземе многу енергија. Но, за да го избегнете тоа важно е да имате повеќе физички активности и секс, кои ќе ви помогнат да се опуштите.
Септември ќе биде најсреќниот месец за вас, оваа година. Ќе придонесе за јакнење на вашата самодоверба, но и ќе ви донесе неколку настани кои ќе ве расположат. Ќе имате желба за дружење и излегување и ќе посакате да го прославите својот роденден на многу фин начин.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.