Голем годишен хороскоп за 2019: Лавот ќе ужива во резултатите, успех за стрелците
Објавено во: Општо 12 Декември, 2018
ВАГА
Оваа година ќе го живеете живот со сиот потенцијал и ќе можете да уживате во трудот од претходната година.
Периодот меѓу 5 до 18 јануари ќе ви изгледа како многу лош почеток на годината. Ќе се чувствувате оптеретени и нерасположени. Но, за среќа периодот нема да трае долго и затоа добро е да се обидете да издржите.
Најубавиот период ве очекува во септември кога ќе биде збогатен вашиот љубовен живот со интересни нешта. Ќе се чувствувате и многу емотивни, но и носталгични за вашиот дом, семејство или пак за некои стари пријатели.
Периодот меѓу март и септември става фокус на вашите интимни односи. Ќе се потрудите да воспоставите баланс во вашиот живот, особено меѓу животот и работата или пак пријателите и семејството. Одредени тензии можат да се јават и во вашиот однос со партнерот и затоа треба да бидете внимателни.
Од 17 април до 30 мај ве очекува подобрување на вашиот љубовен живот. Ќе имате силни романтични чувства, а слободните претставници на овој знак ќе бидат магнет за спротивниот пол. Можно е започнување на нова врска, но и храброст и сила да создадете солидна основа за тоа.
Во периодот меѓу 7 септемвир и 27 октомври ќе се чувствувате како центар на светот. Добро е да земете одмор и да минете време релаксирајќи се со оние кои ги сакате.
СКОРПИЈА
2019 година ќе биде уште една одлична година за вас, но за жал не толку добра како претходната. Оваа година ќе добиете поголема желба да се инволвирате во религија и спиритуалност и тоа ќе го чувствувате како потреба за водење поисполнет живот.
Оваа година ве очекуваат нови пријатели со специјална порака и добри вести. За вас ќе бидат особено важни и ќе ги прифатете на ист начин како и старите пријателства кои ви траат цел живот.
Иако најважен дел од 2019 година ќе биде вашиот професионален успех, сепак ве очекуваат и успеси на љубовен план.
Потежок период ве очекува од 28 април до 9 мај што ќе придонесе за зголемување на вашиот стрес и збунетост. Ќе се обидете силно да аргументирате со другите луѓе, но за жал не секогаш ќе бидете во право.
Периодот меѓу 26 мај и 29 јуни ви носи зголемена страст, која можно е да донесе нова врска или пак силни чувства и сексуална привлечност во постоечките врски.
Во септември ве очекува зголемување на вашата самодоверба и го расчистува вашиот пат, оставајќи ве без пречки. Тоа ќе влијае на зголемување на вашата желба за да ги постигнете целите кои си ги имате поставено. Во овој период особено моќно ќе биде заздравувањето од болката од старите врски и скршеното срце.
СТРЕЛЕЦ
2019 ќе биде подобра година за вас од претходната. Најубавите нешта доаѓаат во втората половина на годината кога ве очекува успех на сите полиња.Сепак, во текот на оваа година Нептун ви носи ризик од преголемо идеализирање на луѓето и условите. Тоа ќе се случи особено ако навлезете во врски кои изгледаат премногу добро за да бидат вистинити.
Во периодот меѓу 20 февруари и 20 јули ќе ви се зголеми вашата желба за ослободување од одговорностите и ограничувањата во вашиот живот. Истовремено, ќе се соочите со претерувања од ваша страна и одредени фрустрации.
Периодот меѓу 9 март и 9 јуни ви носи големи предизвици, особено тешкотии во однос на финансиите. Одредени врски можеби ќе доживеат крај, а други пак големи конфликти и кризи.
Сепак, најубавиот период е оној по септември, а особено по 18 декември кога ве очекува добро здравје и солидна заработувачка. Тоа ќе биде и време на оптимизам и среќа и период кога ќе ги добивате нештата полесно од вообичаено.
Иако генерално ова ќе биде стресна година за вас, сепак ве очекуваат многу новости и можности кои ќе ве направат исполнети и среќни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.