Голем годишен хороскоп за 2019: Лавот ќе ужива во резултатите, успех за стрелците
Објавено во: Општо 12 Декември, 2018
ЈАРЕЦ
Вашиот хороскоп за 2019 година носи многу сличности со претходната. Оваа година можно е да донесе нова романса за која ќе ви биде потребно да бидете претпазливи, пред да постигнете баланс во односите со личноста со која ќе стапите во врска.
Оваа година претпоставените и вашите блиски генерално ќе бидат попријателски настроени, помагајќи ви во исполнување на вашите лични и професионални цели. 2019 е година која ќе донесе и мал пресврт бидејќи ќе ја отргне несигурноста која е наталожена од претходната година.
Најдобриот период ве очекува меѓу 20 февруари и 20 јули бидејќи ве очекуваат многу можности за добри инвестиции и заработувачка, но и добри финансиски договори. Вашите лични врски ќе имаат позитивна нота и ќе се соочите со позитивен личен развој и самодоверба.
Периодот меѓу 7 и 27 октомври носи оптимизам и верба во себеси. Овој период носи голема шанса за раст, успех и среќа. Ќе почувствувате потреба да ги раширите своите хоризонти, да пробате нови нешта, подобри и поголеми работи и да се забавувате повеќе. Но, важно е да се насочите на нештата кои ви се навистина важни и кои можете да ги постигнете доколку не барате премногу.
ВОДОЛИЈА
Оваа година нуди права линија со вас, со малку компликации на патот. Сепак, главниот аспект ќе биде ставен на вашите лични односи и сексапилност. Постоечките односи и врски имаат моќ да преминат во повисоко ниво, и врски со еднаквост меѓу двата партнери. Сепак, голема е можноста и за почеток на нешто ново, во што сепак нема така лесно да се втурнете.
Во периодот меѓу 17 април и 30 мај ве очекува период на моќен сексуален живот и силни желби и потреби. Вие ќе зрачите со сексапилност, но и со силна енергија и сексуална моќ, што ќе ве направи многу атрактивни за другите.
Најдобрите можности за среќа и успех за вас доаѓаат во перидот меѓу 7 септември и 27 октомври кога планетите ќе ве почестат со оптимизам, позитивен дух и самодоверба. Вашите лични односи ќе бидат збогатени со вашиот позитивен став и дружељубивост што ќе придонесе и за позитивен личен развој и зголемена самодоверба.
Периодот меѓу 7 и 22 мај е најхаотичниот дел од годината за вас. Тоа ќе придонесе за зголемување на вашите активности, но и хаос во целокупното функционирање на лично и професионално ниво. Иако ќе биде тешко, обидете се да се држите до рутината и да не вршите притисок на останатите, околу вас. Избегнете донесување на важни одлуки и секогаш проверувајте ги донесените одлуки и извршените задачи по два пати.
РИБИ
2019 година носи неколку предизвици и тешкотии за вас, но сепак ќе биде подобра година од 2018. Нема да се соочувате со истите тестирања и исцрпувачки разговори ако во претходната година и главниот фокус е насочен кон исполнувањето на вашите цели.
Периодот меѓу 20 февруари и 20 јули ќе ја зголеми вашата желба за напредување и постигнување успеси. Но, важно е да бидете скромни и да не претерувате.
Од 9 март до 9 јуни ве очекува внатрешна тензија, со оглед на тоа дека ќе се соочите со критиките од страна или пак ограничувачките фактори во вашето секојдневие. Сепак, периодот меѓу 11 и 26 јуни носи унаппредување во кариерата, но и зголемено богатство и моќ. Патувањата кои ќе се случат во овој период исто така ќе ви донесат нови можности.
Крајот на годината е совршен за стекнување нови пријатели, бидејќи вашите социјални вештини и харизма ќе бидат збогатени и ќе се чувствувате навистина сигурно што и да правите. Пријателите кои ќе ги стекнете во овој период ќе останат ваши пријатели до крајот на животот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.