Голем интерес за граѓанската обврзница, собрани над 14 милиони евра досега
Објавено во: Економија 12 Јули, 2023
Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „клик Плус“ на ТВ21 рече дека до вчера граѓаните инвестирале над 14 милиони евра во распишаната граѓанска обврзница која е замислена како концепт за намалување на црната трговија.
Денеска во 14 часот истече рокот за аплицирање за која граѓаните кои вложија средства во обврзница ќе добијат по 5 проценти камата. Бесими најави дека во септември ќе следува нова зелена обврзница и ги повика граѓаните и во иднина да ги инвестираат своите пари на овој начин.
„Вчерашните податоци се околу 600 граѓани и со тоа е надминат износот од 10 милиони. Уште вчера имаше некаде над 14 милиони. Фактите покажуваат дека кај граѓаните постои интерес, веќе уште пред да заврши периодот на пријавување имаше поголем интерес од тоа што го пријавивме ние првично во проспектот од 615 милиони денари. Таа што граѓаните ја препознаваат нивната можност во ова, одлична можност за нив, приносот е атрактивен, инвестицијата е сигурна, безризична“, рече Бесими.
Според министерството за финансии, таа нема за цел да го финансира буџетот, туку да се раздвижи пазарот на капитал и намалување на сивата економија, бидејќи ја активира готовината на граѓаните. Проспектот на аукцијата е објавен на 600 милиони денари, но доколку има интерес за 15 милиони евра ќе се запише целиот износ.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.